Краткопрст јастреб

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Краткопрст јастреб
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Јастребовидни
Фамилија: Јастреби
Род: Јастреб
Вид: Краткопрст јастреб
Биномен назив
Accipiter brevipes
(Severtzov, 1850)

Краткопрстиот јастреб (науч. Accipiter brevipes) е мала граблива птица од фамилијата на јастребите. Се размножува во шумите од јужниот дел на Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија до јужна Русија. Таа е птица преселница, која зимува од Египет сè до југозападен Иран. Мигрира во големи јата, што не е карактеристика за другите видови од оваа фамилија.

Опис[уреди]

Оваа птица е мала грабливка со кратки широки крилја и долгнавеста опашка што ѝ овозможуваат лесно маневрирање низ дрвјата. Краткопрстиот јастреб е сличен на јастребот врапчар, но неговата пократка опашка и пошилести крила му даваат посоколовиден изглед. Птицата е долга 30-37 см, со распон на крилјата 63-76 см. Женките се малку поголеми од мажјаците. Мажјаците се синосиви одозгора, со темни завршетоци на крилјата и црвеникави одоздола. Женките се сивкасти одозгора со темни завршетоци на крилјата и црвенокафени одоздола. Може да покаже и темна линија кај грлото. Младенчињата се темно кафени одозгора и каено набраздени одоздола. Имаат темна линија на грлото. Летот на овој јастреб е карактеристичен „замав-замав-лебдење“. Се огласуваат со остар извик како: „кии-вик“.

Живеалиште и исхрана[уреди]

Оваа птица живее во ридски предели, во близина на езера и реки, во подножјата на планините. Се храни со мали животни, птици, гуштери, инсекти. Најчесто лови попладне и приквечер, во низок лет, на 1-5 метри од земјата.

Размножување[уреди]

Краткопрстиот јастреб гнезди во дрвјата. Годишно има едно легло со 3-5 јајца. Ги квачи 30-35 дена. Младенчињата го напуштаат гнездото по четириесетина дена, но и потоа остануваат во близина на гнездото и ноќеваат таму.

Наводи[уреди]