Константин Бранкуши

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Константин Бранкуши

Константин Бранкуши во Париз, ц. 1905
Роден(а) февруари 19, 1876(1876-02-19)
Пештишани, Романија
Починал(а) март 16, 1957(1957-03-16) (на 81 год.)
Париз, Франција
Почивалиште Гробишта Монпарнас, Париз
Националност Романска
Образование Уметничко училиште во Париз
Познат(а) по Скулптура
Значајни дела Птица во просторот
Движење Модернизам
Награди Романска Академија

Константин Бранкуши (21 февруари 1876, Романија - 16 март 1957, Париз, Франција) — француски скулптор роден во Романија.

Како дете станал вешт во резбање древни земјоделски алатки и подоцна студирал во Букурешт и Минхен и на Уметничкото училиште во Париз, поголемиот дел од патот од Минхен го изодел пеш.

Дела и изложби[уреди]

Првата изложба ја направил во Париз во 1906 година. Во 1908 година ја изработил „Заспаната муса“, под влијание на Родиновиот „Бакнеж“, неговото прво, оригинално дело. Развил геометриски стил, кој станал негов заштитен знак сведувајќи ги природните форми на апстрактна едноставност. Изложил пет од своите дела, вклучувајќи го и „Мадамозел Погани“, во 1913 година во Салонот Армори. Една од неговите најомилени теми била птица во лет; негово најпознато дело било „Птица во просторот“ изработено во исполирана бронза (1919). Преку бројните изложби во САД и во Европа, тој постигнал голема слава и успех. Бранкуши исто така се смета за пионер на современата апстрактна скулптура.

Користена литература[уреди]