Кајли Миног

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кајли Миног
Основни податоци
Роден(а) Кајли Ен Миног
28 мај 1968 (1968-05-28) (45 г.)
Потекло Австралија Мелбурн, Викторија, Австралија
Жанр(ови) Поп, денс поп, синт поп, електро поп, диско
Занимање/ња пеачка, текстописец, актерка
Години активност 1987–до денес (пеачка)
1979–до денес(актерка)
Прод. куќа/ќи Австралија Mushroom,1987-до денес
САД Geffen,1988-1989
Велика Британија PWL,1987-1992
Велика Британија Deconstruction,1993-1998
Велика Британија Parlophone,1999-до денес
Европска Унија EMI,1999-до денес
САД Capitol,2002-до денес
Веб-место http://www.kylie.com

Кајли Ен Миног (на англиски : Kylie Ann Minogue, родена 28 мај 1968) е австралиска пејачка, текстописец и актерка, која е добитник на Британските и Греми наградите. Според Warner Music Australia Кајли има продадено околу 40 милиони плочи ширум светот. Кајли направи една од подолгите и поуспешните кариери како поп исполнувач во современата музика, а во Европа и Австралија е една од најпрепознатливите славни личности и секс симболи на својата генерација. Потпишувајќи договор со британски текстописци и со продуцентите Stock, Aitken и Waterman во 1988, песните на Кајли стануваат вистински хитови насекаде низ светот. Нејзината популарност опаѓа во почетокот на 90-тите што ќе доведе до прекинување на соработката со Stock, Aitken и Waterman во 1992. Во текот на средината и крајот на 90-тите таа се обидува да се етаблира како самостојна пејачка и текстописец. Иако албумите можеа да се набават насекаде, сепак не наидоа на прифатеност кај голем дел од публиката што доведе до најмала заработувачка во нејзината кариера. Популарност постига во 2000 година како поп пејач и станува позната по нејзините провокативни и скапи музички спотови.

Биографија на Кајли Миног[уреди]

Во кариерата и во животот наидува на многу пречки, како на пример борбата со рак на дојка,[1] но сепак успева да се издигне од кризата и пак да се вивне до врвот на листата на светски познатите ѕвезди. Почнувајќи како девојка од соседството стигнува до фаза која изобилува со најразлични стилови на пеење, провокативни спотови и експериментирање со стилот на облекување.

Детство и почеток[уреди]

Кајли е родена на 28 мај 1968 во Мелбурн, Австралија, како дете на Рон Миног, сметководител со ирско потекло[2] и Керол Џонс, танчерка од Велс. Таа е најстара од трите деца; нејзината сестра Дани е исто така поп пејачка, а братот Брендан е камерман на вести во Австралија.[3] Кајли има завршено средно образование во гимназијата Camberwell во Мелбурн. [4]

Сестрите Миног уште како деца ја започнале својата кариера на австралиската телевизија[2]. Oд 11 години Кајли настапува во сапунски серии како што се: Skyways, The Sullivans и The Henderson Kids.[5] Кајли за првпат има музичка изведба во 1983 во една неделна музичка емисија за млади таленти. Во 1986 постигнува успех со сапунската серија Neighbours.[4] Нејзината популарност во Австралија беше демонстрирана кога таа постана првата личност која доби 4 награди Logie на само една манифестација.

Пејачка кариера[уреди]

Во текот на нејзината кариера како пејачка можат да се издвојат неколку фази.

1987 - 1992 : Stock, Aitken и Waterman[уреди]

Во 1987 Кајли настапува со песната “The Loco-Motion” на добротворниот концерт “Fitzroy Football Club” со некои други попознати луѓе од серијата Соседи. Оваа изведба ја забележуваат од Mushroom Records и Кајли добива договор за снимање. Песната е издадена како сингл, со изменето име “Locomotion”, и поминува седум недели на врвот на Австралиските топ листи. Оваа песна исто така ја добива и титулата најпродаван сингл во Австралија за осумдесеттите.

После овој успех, Кајли патува во Лондон со извршниот директор на “Mushroom Records” за да преговараат со Stock, Aitken & Waterman. Тие не знеле многу за Миног, па случајно заборавиле дека таа доаѓа. Кога таа пристигнала тие биле изненадени, па напишале песна додека ги чекала надвор од студиото. Песната била “I Should Be So Lucky “. Оваа песна доживеала голем успех како број еден на топ листите во Велика Британија, Австралија и многу други земји. После ова Кајли го снима својот прв албум “Kylie”. Албумот е колекција од денс-поп ориентирани песни и го достигнува врвот на топ албум листа во Британија. Овој албум истовремено претставува и најпродаван албум на годината. Сепак, преработката на “Locomotion” го осовојува третото место на Американската Billboard Hot 100 листа и третото место на Канадската листа на синглови. Во 1988 Миног ја напуста серијата Соседи со цел целосно да се посвети на нејзината музичка кариера. Во 1989 Кајли и Џејсон Донован снимаат дует со наслов “Especially for You” кој се продава во над милион копии во Велика Британија. Следуваат неколку напади од музичките критичари. Кевин Килиан го опишува нејзиниот албум како “majestically awful”.

Вториот албум на Кајли е насловен “Enjoy Yourself” и е издаден во 1989 година. Овој албум достигнува голем успех во Велика Британија, Европа и Австралија, но се покажува како неуспех во Северна Америка. Нејзината прва турнеја претставува вистински спектакл. Турнејата е насловена “Enjoy Yourself Tour”. Нејзините концерти низ Велика Британија, Франција, Белгија и Австралија ги оставаат фановите без здив. Списанието Herold Sun пишува “Време е да се признае и да се соочиме со фактите – ова девојче е ѕвезда”. Кајли Миног набрзо ќе стане Stock, Aitken and Waterman заштитен знак. Кајли станува најпродавана ѕвезда на сцената, па заради многубројните коментари дека вториот албум е бледа копија на првиот, менаџерите рашаваат да поработат на нејзиниот стил на музика.

Во 1990 излегува во продажба нејзиниот трет албум “Rhythm of Love”. Нејзиниот трет албум претставува софистицирана и созреана страна на денс музиката со јасно изразени знаци на бунтовничка страна против сликата на девојче од соседството. Предодреден за да биде прифатен од позрела публика, новиот албум на Кајли настапува и со тотална контрола врз видео спотовите.

Стартниот спот “Better the Devil You Know” ја претставува како возрасна личност со слободно изразена сексуалност. Врската со вокалот на INXS Мајкл Хутченс и помогна за јавноста да ја прифати како сериозен изведувач. Со излегувањето на песната на Хутченс “Suicide Blonde”, посветена на Кајли, сериозноста беше потврдена. Хитовите од овој албум се добро продавани и прифатени во Европа и Австралија, посебно во нокните клубови во Британија, каде Миног почнува да биде признаена како модна икона од постарата публика. Во мај 1990, дваесет и двегодишната Кајли ја изведува познатата хит песна од Биталси “Help” пред публика од 25000 обожаватели на концертот посветен на Џон Ленон, на бреговите на реката Мерси во Ливерпул. Јоко Оно и Шон Ленон искажуваат благодарност за нејзината подршка на фондот Џон Ленон.

Договорот на Кајли со продуцентста куќа бил за три албуми, но поради нејзиниот успех, таа е убедена да сними и четврти. Четвртиот албум носи наслов “Let’s Get to It” и е издаден во 1991 година. Овој албум е дизајниран да ја прикаже Кајли во стил на побавни денс песни. И покрај позитивните оценки на критиката, албумот не доживува да се најде на Британскиот топ 10, иаконекои поединечни песни доживуваат успеси како “If You Were with Me Now”, која што се пласира на Британскоит топ 5 на синглови. Со ова Кајли ги исполнила должностите кон договорот со Stock, Aitken and Waterman, и одлучува да не го обнови. Подоцна за овие времиња Миног изјавува дека биле слични со времето кога била во серијата Соседи, и го опишува како “научи ги своите реплики, . . . , кажи ги своите редови, . . . , нема место за прашања, . . . , рекламирај го овој производ. . . ” и слично. Согледувајќи дека нејзините фанови се жедни кон нејзините изведби и нејзините албуми, и свакајќи дека може да созрее во озбилна ѕвезда само ако се раздели од Stock, Aitken and Waterman , Кајли одлучува да не потпишува нов договор. Таа се согласува да сними три нови песни и колекција “Greatest Hits”, со што го означува нејзиното заминување од оваа продукциска куќа во 1992.

1993 - 1998 : Deconstruction[уреди]

Со потпишувањето на договорот со “Deconstruction Records”, медиумите нагласуваат нова фаза во кариерата на Кајли, но издавањето на ремиксите “Kylie Minogue” во 1994 е со најразлични критики во музичките списанија. Албумот се продава во 2 500 000 копии низ светот. Синглот “Confide in Me” поминува пет недли како број еден на Австралиските топ листи. Други попознати хитови од оваа издание се : “Put Yourself in My Place” и “Where Is the Feeling?”.

Австралискиот музичар Ник Кејв покажува интерест за соработка со Кајли. Тој бил запрепастен од песната “Better the Devil You Know”, и има изјавено дека таа песна ги содржи најнасилните и најстресните текстови што една поп песна може да ги содржи. Хитот “Where the Wild Roses Grow” издаден во 1995, претставува прекрасна балада, во чиј текст се опишува убиство доживеано од страната на убиецот (Ник Кејв) и страната на жртвата (Кајли Миног). Успехот на оваа песна докажа дека Миног може да биде прифатена надвор од границите на поп музиката. Песната привлече огромно внимание во Европа, каде достигна место во првите 10 најслушани песни, и во Австраилија, каде ја освојува наградата “Aria” за песна на годината и најдобро поп издание. Кајли ја продолжува соработката со Кејв со настап на рок фестивалот во Австралија “The Big Day Out” пред публика на фанови на алтернативна музика. Иста така, Кајли настапува како гостин на турнејата на Кејв низ Европа. Од овие настапи може да се издвои настапот во Шкотска на фестивалот “T in the Park”, којшто и дава на Кајли едно извонредно искуство во изведба пред публика која не е нејзин фан. На предлог на Кејв, таа настапува со рецитирање на текстот на “I Should Be So Lucky” во Лондон на “Robert Albert Hall Poetry Jam”. Подоцна Кајли ке му искаже голема благодарност на Кејв за неговата подршка во нејзиното изразување како уметник. За Кејв Кајли има изјавено: “Тој ме научи никогаш да не се одалечувам од самата себеси, а сепак да одам понатаму, да пробувам нови работи, но никогаш да не ја изгубам од вид мојата суштина, мојата срж, моето битие. За мене, најтешкиот дел беше да го откријам моето битие, да ја откријам мојата суштина, и да бидам потполно верна на мојата музика”.

Во текот на 1997 Миног е во врска со францускиот фотограф Стефан Седнауи, којшто ја опишува како мешавина на гејша и суперхероина. Тој почнува да издава фотографии од Кајли во гламурозно издание, привлекувајќи се повеќе публика. Кајли во ова време е инспирирана од уметници како што се Shirley Manson, Garbage, Bjork, Tricky, U2 и јапонски изведувачи како што се Pizzicato Five и Towa Tei.

Во Австралија Кајли од почетокот на својата кариера задржува статус на ѕвезда со висок профил на концертни изведби. Во 1998 таа настапува на “Sydney Gay and Lesbian Mardi Gras”. Во 1999 настапува на отварањето на Fox Studios во Сиднеј, каде изведува ремикси од Мерилин Монро.

1999 - 2005 : Parlophone[уреди]

Кајли продолжува со нејзината соработка со различи изведувачи. Во април 1999, снима со Pet Shop Boys на нивниот Nightlife албум. Таа потпишува договор со Parlophone. Под влијание на на изведувачите од седумдесетите го издава албумот Light Years во 2000 –та година. Во овој албум таа вклучува песни напишани од Гај Чамберс и Роби Вилијамс. Овие автори ги зачинуваат нејзините текстови со мала доза на хумор. Овие изведби ги продуцираат најдобрите критики во кариерата на Кајли. Набргу новите звуци на Кајли стануваат хитови во Азија, Европа и Австралија. Синглот "Spinning Around" постигнува прво место на британските топ листи, за прв пат во десет години. Од овој албум можат да се издвојат повеќе хитови во кои може да се вклучи "Kids", дует со Роби Вилијамс.

Во 2001-та Parlophone го издава албумот Fever, кој вклучува елементи од диско музиката од осумдесеттите. Водечкиот сингл “Can’t Get You out of My Head” станува најголем хит во кариерата на Кајли. Овој хит го достигнува првото место во преку дваесет земји. Албумот се продава во над четири милиони копии. Музичката критика го оценува како “перфектен албум со прекрасна денс музика”. Со овој албум Кајли дебитира на Billboard 200 топ листа на албуми на трето место. Други позначајни хитови од овој албум се :”In Your Eyes”, “Love at First Sight” и “Come into My World”. Во 2003 Миног добива Греми награда за најдобар денс албум. Во јануари 2007, после подолга пауза поради здраствени причини, Кајли го издава албумот “X”. Албумот е снимен во Лондон и во Ибица. Со новиот албум следува и светска турнеја.

Филмска и телевизиска кариера[уреди]

Во 1989 Миног имаше улога во The Delinquents. Објавувањето на филмот се поклопи со нејзината популарност во серијата “Neighbours” , но иако филмот и нејзината изведба добија слави оцени, филмот постигна комерцијален успех. Глумеше и во Street Fighter, улога за која беше критикувана дека е најлоша актерка од англиското говорно подрачје. Наредните филмови "Bio-Dome"(1996), "Sample People" и "Cut" ( и двата во 2000) не успеаа да привлечат некој позначителен број на публика. Во 2001 Миног играше и во филмот “Moulin Rouge”, а во 2002 го позајми гласот за анимираниот филм "Тhe Magic Roundabout" koj беше прикажан во 2006.

Имиџ и статус на ѕвезда[уреди]

Во текот на нејзиниот професионален живот, Кaјли постојано е објект на силен медиумски интерес во Англија и во Австралија, интерес кој е постојан и во времето кога нејзиниот успех како пејачка варира. Нејзините интимни врски, вклучувајќи ја и најстабилната врска со францускиот актер Оливие Мартинез, исто така често беа предмет на интерес во медиумите.

Миног се смета за геј икона, став кој таа го поткрепува со нејзините необични и накитени костуми и нејзиното сексуално поставување на сцената со голема самодоверба. Таа ја прифаќа геј заедницата насекаде низ светот настапувајќи на геј настани и отворено подржувајќи ги геј правата и организациите за борба против сидата. Машките танчери кои ја придржуваат на сцената често покажуваат хомосексуални ставови преку носење високи женски потпетици, претерана шминка, танцување со други машки личности.

Фотографот Берт Стерн, познат по неговата работа со Мерилин Монро, ја фотографира Миног во Лос Анџелес, и споредувајќи ја со Монро, коментира дека таа има слична чувствителност и свесност пред камерата. Името на Кајли често се поврзува со луѓе како што се модниот дизајнер Жан Пол Готје, фотографот Стефан Седнауи, и дизајнерот Џон Галион. Во текот на нејзината кариера таа одбира фотографи кои се обидуваат да создадат нов изглед за неа, а фотографиите се појавуваат во различни магазини: The Face, Vogue и Vanity Fair.

Наспроти нејзиниот комерцијален успех и нејзиното прифаќање како современ секс симбол од многубројната публика, критичарите ја опишуваат нејзината желба да го покажува своето тело како обид да го маскира нејзиниот недостиг на талент.

Во 1998 Кајли се појави како модел кој промовираше долна облека за модната куќа H&M. Неодамна беше инспирација за ограничен број на облека за плажа за истата компанија и се појави во реклами промовирајќи ја истата. Облеката вклучуваше бикини, марами и костуми за капење и во продажба се појави во мај 2007.

Дискографија[уреди]

  • Kylie (1988)
  • Enjoy Yourself (1989)
  • Rhythm of Love (1990)
  • Let's Get to It (1991)
  • Kylie Minogue (1994)
  • Impossible Princess (1997)
  • Light Years (2000)
  • Fever (2001)
  • Body Language (2003)
  • X (2007)
  • Aphrodite (2010)

Наводи[уреди]

  1. Kylie begins cancer treatment“, CNN, 19 мај 2005 (конс. 9 декември 2006).
  2. 2,0 2,1 Bright, Spencer (9 ноември 2007). „Why we love Kylie – By three of the people who know her best“. Mail Online. http://www.dailymail.co.uk/femail/article-492561/Why-love-Kylie--By-people-know-best.html. конс. 25 мај 2009. 
  3. Family shock at Kylie's illness“, BBC News, 18 мај 2005 (конс. 25 јули 2009).
  4. 4,0 4,1 Lister, David. „Kylie Minogue: Goddess of the moment“, „The Independent“, 23 февруари 2002 (конс. 26 јули 2009).
  5. Wearring, Miles. „Kylie's life on screen“, News Limited, 28 мај 2008 (конс. 26 јули 2009).

Надворешни врски[уреди]