Карпеста ластовичка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карпеста ластовичка
Five small brownish swallow-like birds perched on a roof
Карпести ластовички на кров
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Ластовици
Род: Ptyonoprogne
Вид: Карпеста ластовичка
Биномен назив
Ptyonoprogne rupestris
(Scopoli, 1769)
       Breeding range
       Resident year-round
       Non-breeding range
(ranges are approximate)
Синоними

Hirundo rupestris

Карпестата ластовичка (Ptyonoprogne rupestris) е мала врапчевидна птица. Се размножува на планините во јужна Европа, северозападна Африка и јужна Азија. Ја има и во Македонија.

Опис[уреди]

Група ластовички на карпа

Карпестата ластовичка е долга од 13-15 см со распон на крилјата од 32-34 см, и просечно тежи околу 23 гр. Има пепелаво-кафеав горен и посветол долен дел, и има пошироко тело, крилја и опашка за разлика од другите европски ластовички. Опашката им е кратка, квадратна со различни бели шари на пердувите. Делот под крилјата и опашката им е најчесто црн, а нозете кафеаво-розеви. Половите се слични меѓусебе, но младите имаат светложолто-кафеави завршетоци на предувите на главата, крилјата и горниот дел. Летот на оваа ластовичка е прилично бавен за овој вид птици. Оваа ластовичка често лета прилично високо. Звуците кои ги испушта се кратко и високо пли, пииех и тсхир, и потсетуваат на звуците на градската ластовичка.

Распространетост и живеалиште[уреди]

 bare cliffs with meadow in the foreground
Легло во Шпанија

Карпестата ластовичка се размножува на планините во Пиринејскиот Полуостров, од северозападна Африка па сè до јужна Европа, Персискиот Залив и Хималаите и во југозападна и североисточна Кина.

Однесување[уреди]

Размножување[уреди]

 mud cup nest containing three young
Гнездо со млади
Ptyonoprogne rupestris - MHNT

Карпестата ластовичка се размножува на суви, топли и засолнети карпи во планинските предели со карпи и пештери. Овие ластовички се размножуваат во единечни гнезда или во колонии со околу 10 гнезда. Гнездата се оддалечени едно од друго околу 30 м и секој од родителите се однесува многу заштитнички и агресивно си го брани гнездото од другите ластовички и птици. Гнездењето се прави во периодот од мај до август, и најчесто имаат две легла. Гнездото се гради од страна на двата родитела, и е во форма на полуотворена шолја направена од кал и мек материјал како предуви или сува трева. За изградбата на гнездото се потребни од 1-2 недели и се употребува повеќепати. Се несат од 2 до 5 бели јајца со кафеавкасти дамки. Јајцата се со просечни димензии 20.2 x 14.0 см, и тежат околу 2.08гр. Инкубацијата трае 13-17 дена.

Исхрана[уреди]

Карпеста ластовичка во лет

Оваа ластовичка се храни најчесто со инсекти кои ги фаќа во лет, иако понекогаш јаде и инсекти од камења, земја или вода. За разлика од другите видови овој вид се храни во близина на нивното место за размножување.

Наводи[уреди]

Користена литература[уреди]

  • Ali, Salim; Ripley, Sidney Dillon D (1986). „Handbook of the birds of India and Pakistan“. 5 (2 издание). Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-561857-2. 
  • Grimmett, Richard; Inskipp, Carol; Inskipp, Tim (2002). „Birds of India“. London: Christopher Helm Publishers Ltd. стр. 226. ISBN 0-7136-6304-9. 
  • Hume, Allan Octavian (1890). „The nests and eggs of Indian birds“. 2 (2 издание). London: R H Porter. 
  • Mullarney, Killian; Svensson, Lars; Zetterstrom, Dan; Grant, Peter (1999). „Collins Bird Guide“. London: HarperCollins. ISBN 0-00-219728-6. 
  • Rasmussen P C; Anderton, J C (2005). „Birds of South Asia: The Ripley Guide“. 2. Smithsonian Institution & Lynx Edicions. ISBN 84-87334-66-0. 
  • Reichenbach, Heinrich Gustav (1850) (на German). „Avium systema naturale.“. Dresden and Leipzig: F. Hofmeister. 
  • Scopoli, Giovanni Antonio (1769) (на French). „Annus I Historico-Naturalis“. Lipsiae: Christian Gottlob Hischeri. 
  • Snow, David; Perrins, Christopher M (editors) (1998). „The Birds of the Western Palearctic concise edition (2 volumes)“. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-854099-X. 
  • Turner, Angela K; Rose, Chris (1989). „A handbook to the swallows and martins of the world“. London: Christopher Helm. ISBN 0-7470-3202-5. 

Надворешни врски[уреди]