Камео — ненадејно кратко појавување на позната личност (режисер, политичар, музичар итн.) во филмска или театарска претстава. Најчесто дадената личност се игра себеси и не е спомната во списокот на глумци во воведот на филмот. Многу од овие улоги се мали, без дијалог и се должат на придонесот на личноста кон предметната творба. Зборот доаѓа од камеја — ситна резба (барелјеф) на скапоцен камен.[1][2]