Маѓепсан (филм од 1945)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Маѓепсан (англиски: Spellbound) - американски филм од 1945 година, во режија на Алфред Хичкок. Главните улоги ги играат: Грегори Пек, Ингрид Бергман, Мајкл Чеков, Лео Г. Карол итн. Во 1946 година, филмот освоил „Оскар“ за најдобра филмска музика, а бил номиниран уште во пет категории. Следната година, филмот бил номиниран за големата меѓународна награда на фестивалот во Венеција.[1]

Снимка од „Spelbound“

Содржина[уреди | уреди извор]

Д-р Констанс Питерсен (ја игра Бергман) работи како психијатар во душевната болница „Грин Менорс“ во Вермонт. Еден ден, во болницата пристигнува прославениот психијатар, д-р Ентони Едвардс, кој е именуван за нов директор. Меѓутоа, во болницата пристигнува еден млад човек (го игра Пек) и меѓу него и д-р Питерсен се раѓа љубов на прв поглед. Во меѓувреме, младиот „доктор“ доживува неколку психички напади, особено кога ќе види бела боја и линии. Тогаш, тој ѝ признава на докторката дека има амнезија и дека го присвоил идентитетот на д-р Едвардс, кој пак мистериозно исчезнал. Набргу, полицијата трага по него, така што пребегнува во еден хотел во Њујорк. Д-р Питерсен ја напушта болницата со цел да го пронајде, а полицијата ја бара и неа. Така, двајцата се засолнуваат во Рочестер, кај д-р Брулов (го игра Чеков), кому во минатото д-р Питерсен му била помошничка. Младиот човек, чие вистинско име е Џон Балантајн, повторно доживува напад и постојано се обвинува себеси за убиство на д-р Едвардс. Тогаш д-р Брулов и д-р Питерсон му помагаат со помош на психоанализа, проучувајќи ги неговите соништа, а д-р Питерсон открива дека нападите имаат некаква врска со снегот. Затоа, двајцата одат во еден скијачки центар, каде Балантајн се враќа сеќава на траумата од неговото детство, кога случајно го убил својот помал брат. Потоа, тој ѝ кажува на д-р Питерсен како бил на терапија кај д-р Едвардс. Сепак, кога полицијата ќе го пронајде телото на д-р Едвардс, Балантајн е обвинет за неговото убиство и затворен. Д-р Питерсен се враќа во болницата „Грин Менорс“, но не се откажува од намерата да го спаси саканиот. Во еден разговор со д-р Марчисон (го игра Керол), таа сфаќа дека тој е убиецот на д-р Едвардс и оди во неговиот кабинет со отворено обвинение против него. Тогаш, д-р Марчисон извршува самоубиство, а Балантајн е ослободен.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]