Кале (Буринец)
Изглед
„Кале“
| |
Местоположба | 41°23′32″N 20°37′58″E / 41.39222° СГШ; 20.63278° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Буринец |
Општина | Струга |
Тип |
|
Период | железно време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Кале — археолошко наоѓалиште кај струшкото село Буринец. Претставува утврдена населба од железното време и средниот век.
На околу 7 км северно од селото Локов и на околу 3 км југоисточно од селото Буринец, на левата страна од патот Буринец - Локов, на висок рид со доминантна местоположба се наоѓаат темели од тврдина градени од обработени камени блокови и варов малтер. Градиштето зафаќа простор од 200 × 80 м. На источниот дел од тврдината, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови од железното време.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 399. ISBN 9989-649-28-6. Во изворот наоѓалиштето погрешно се води во с. Селци.