Градиште (Ташмаруништа)

Координати: 41°16′18″N 20°38′22″E / 41.27167° СГШ; 20.63944° ИГД / 41.27167; 20.63944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Градиште


Местоположба 41°16′18″N 20°38′22″E / 41.27167° СГШ; 20.63944° ИГД / 41.27167; 20.63944
Основни податоци
Место Ташмаруништа
Општина Струга
Тип

 утврдена населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Градиштеутврдена населба од римското време во атарот на селото Ташмаруништа, Струшко. На околу 1 километар северозападно од селото, на еден висок рид со зарамнето плато, кое зафаќа површина од 150 на 50 метри, се наоѓаат грамади од кршен камен, фрагменти од керамички садови, питоси и тегули. На источната страна на градиштето се зачувани темели од одбранбен бедем ѕидан од кршен камен и варов малтер, широк 1,5 метри. Источно од наоѓалиштето има траги од стар пат, широк 3-3,5 метри, кој се гледа во должина од околу 10 метри.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 398. ISBN 9989-649-28-6.