Индекс на вулканска експлозивност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Соодносот на VEI со зафатнината на исфрлениот материјал

Индексот на вулканска експлозивност (крат. VEI, од англ. Volcanic Explosivity Index) е скала со која се изразува релативната експлозивност на вулканските ерупции. Осмислена е во 1982 г. од страна на Кристофер Њухол од Геолошкиот топографски институт на САД и Стивен Селф од Универзитетот на Хаваи.

Вредноста на експлозивноста се утврдува земајќи ги предвид зафатнината на материјалот, висината на облачниот столб и квалитативните набљудувања (користејќи поими од „слаба“ до „мегаколосална“). Скалата нема горна граница, а најголемите ерупции во историјата добиваат индекс од 8. Вредноста 0 се дава на неизбувливи ерупции (помалку од 10.000 м3 тефра), а 8 мегаколосална избувна ерупција што може да исфрли 1,0 × 1012 м3 тефра и чиј облачен столб достигнува 50 км во височина. Скалата е логаритамска, каде секој степен претставува десеткратно повишување, со исклучок на VEI 0, VEI 1 и VEI 2.[1]

Пепелта, вулканските бомби и игнимбритот се сметаат за една иста маса. Густината и меурливоста на смесите не се земааат предвид. Покрај ова, друга мана на VEI е тоа што не ја вклучува излезната моќ на ерупцијата, што е крајно тешко да се определи кај праисториските и ненабљудуваните ерупции.

Класификација[уреди]

Индексот (VEI) на една ерупција зависи од количината на исфрлениот вулкански материјал, висината на избувот (столбот) и траењето на ерупцијата, и се вреднува од 0 до 8. Скалата станува логаритамска од VEI 2 и нагоре; повишувањето за индекс 1 значи дека ерупцијата е 10 пати посилна. Поради тоа постои недоследност во дефиницијата на VEI помеѓу индекс 1 и 2. Ниската граница на зафатнината на исфрлениот материјал скокнува за фактор од 100 (од 10.000 на 1.000.000 м3) додека пак меѓу повисоките индекси, факторот изнесува 10.

VEI Зафатина на
исфрлениот материјал
Класа Опис Висина на
столбот
Честота Исфрлање во
тропосферата
Исфрлање во
стратосферата[2]
Примери
0 < 10.000 м³ хавајска изливна < 100 м постојана занемарливо нема Кулауеа, Питон де ла Фурнез, Еребус
1 > 10.000 м³ хавајска / стромболска блага 100–1.000 м секојдневна мало нема Стромболи, Њирагонго (2002)
2 > 1.000.000 м³ стромболска / вулканиска избувна 1–5 км неделна умерено нема Галерас (1993), Синабунг (2010)
3 > 10.000.000 м³ вулканиска / пелејска силна 3–15 км неколку месеци значајно можно Невадо дел Руиз (1985), Суфриер (1995)
4 > 0,1 км³ пелејска / плиниска катаклизмична 10–25 км ≥ 1 г. значајно сигурно Пеле (1902), Ејафјатлајекитл (2010)
5 > 1 км³ плиниска пароксизмална 20–35 км ≥ 10 г. значајно забележително Везув (79 н.е.), Сент Хеленс (1980)
6 > 10 км³ плиниска / ултраплиниска колосална > 30 км ≥ 100 г. значајно значајно Кракатау (1883), Пинатубо (1991)
7 > 100 км³ ултраплиниска суперколосална > 40 км ≥ 1.000 г. значајно значајно Мазама (~ 5600 п.н.е.), Тера (~ 1620 п.н.е.), Тамбора (1815)
8 > 1.000 км³ супервулканска мегаколосална > 50 км ≥ 10.000 г. значајно значајно Јелоустоун (пред 640.000 г.), Тоба (пред 74.000 г.)

Помеѓу ордовикот и плеистоценот се случиле вкупно 47 ерупции со VEI од 8 (и посилни), од кои 42 се јавиле во последните 36 милиони години. Најскорешна од овие е „оруанујската ерупција“ на езерото Таупо, пред 26.500&nbspгодини. Ова значи дека во целиот холоцен (последните 10.000 години) не се случила ниедна ерупција со VEI од 8.[3] Во холоценот се случиле барем 5 ерупции со VEI од 7. Во истиот период исто така се случиле барем 58 плиниски и 13 калдеротворни ерупции од големи, но непознати размери. Мошне веројатно е да имало и многу други неутврдени ерупции.

Карта на најзначајните вулкански ерупции во историјата. Меурите се правопропорционални со зафатнината на исфрлената тефра, а настаните се обоени според периодите во легендата. Розовите линии претставуваат граници на раздвојување (дивергенција), а сините се места на граници приближување (конвергенција). Жолтите точки означуваат жаришта.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Newhall, Christopher G.; Self, Steve (1982). „The volcanic explosivity index (VEI): An estimate of explosive magnitude for historical volcanism“. „Journal of Geophysical Research“ 87 (C2): 1231–1238. doi:10.1029/JC087iC02p01231. Bibcode1982JGR....87.1231N. http://www.agu.org/pubs/crossref/1982/JC087iC02p01231.shtml. 
  2. VEI (индекс на вулканска експлозивност) - Програм за глобален вулканизам, Смитсонов национален природонаучен музеј (англиски)
  3. Mason, Ben G.; Pyle, David M.; Oppenheimer, Clive (2004). „The size and frequency of the largest explosive eruptions on Earth“. „Bulletin of Volcanology“ 66 (8): 735–748. doi:10.1007/s00445-004-0355-9. Bibcode2004BVol...66..735M. 

Надворешни врски[уреди]