Стратосфера

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Стратосферата е слој од атмосферата кој се простира над тропосферата до височина од 80 km. Воздухот во овој дел од атмосферата е доста разреден и сув. Затоа во неа небото е без облаци. Во оваа сфера, на височина меѓу 20 и 40 km постои голема концентрација на озон. Овој слој на стратосферата се нарекува озоносфера (или озонска обвивка). Озонот ги впива ултравиолетовите сончеви зраци, со што ја определува температурната структура на стратосферата, а со тоа и ги заштитува живите организми на Земјата од нивното штетно дејство. Меѓутоа, озоносферата во последно време, поради емисија на разни штетни супстанции, е загрозена. Првенствено, загрозувачи на озоносферата се фреоните (познати како CFCs, смеса на гасови составена од хлор, флуор и јаглерод), како и други халогени деривати на јаглеводородите (кои наместо флуор и хлор, содржат друг халоген елемент: бром, јод итн. Температурата на воздухот во долните делови од стратосферата, односно од горната граница на тропосферата, па се до озонскиот слој не се менува и останува околу -55oC. Но, во озоносферата температурата се покачува и достигнува до над 80oC. Над озоносферата температурата започнува да опаѓа и во најгорните делови на стратосферата таа изнесува и до -80oC.