Ејафјадлајекидл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ејафјадлајекидл
Eyjafjallajokull
Guðnasteinn
Hámundur
Eyjafjallajokull Gigjokull in ash.jpg
Гигјекидл, најголемиот ледник на Ејафјадлајекидл покриен со вулкански пепел
Надм. вис. 1651 м 
Изговор исландски изговор: [ˈeːɪjaˌfjatl̥aˌjœːkʏtl̥]
Местоположба
Јужен регион, Исланд
Координати 63°37′12″ СГШ 19°36′48″ ЗГД /  [1]
Геологија
Тип Стратовулкан
Вулкански лак/појас Источна вулканска зона
Последна ерупција од март до јуни 2010

Ејафјадлајекидл (исландски: Eyjafjallajökull) — еден од помалите глечери во Исланд. Се наоѓа северно од Скогар и западно од големиот глечер Мирдалсјекидл. Ледената кора на глечерот покрива вулкан висок 1666 m. Вулканот од леденото доба имал чести ерупции.[2] Вулканот во 2010 година имал две ерупции во периодот од 20 март до 14 април. Априлската ерупција предизвикала прекин на воздушиниот сообраќај над северна Европа. Претходната ерупција се случила во 1821 и траела до 1823, а ерупцијата пред неа се случила во 1612 година. Кратерот на вулканот има пречник од 4 km, a глечерот завзема површина од 100 km². Во превод од исландскиот јазик назив за глечер значи — „острвско-планински ледник“.

Јужниот крај на планината некогаш бил дел од атлантскиот брег на Исланд. Како полека морето се повлекувало околу 5 km, на поранешниот брег останале стрмни карпи со бројни водопади, од кои најпознат е Скогафос. При посилни ветрови, водата од помалите ветрови може да биде издувана.

Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]