Мирдалсјекидл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мирдалсјекидл

Мирдалсјекидл (исландски: Mýrdalsjökull) — ледник во јужниот дел на Исланд. Се наоѓа источно од Ејафјадлајекидл. Неговиот највисок врв достигнува висина од 1.493 метри, а зафаќа површина од околу 600 км². Ледникот го прекрива активниот вулкан Катла, кој од 930 година имал 16 ерупции, од кои последната во 1918. Буквалното значење на името Мирдалсјекидл е „леден врв во мочуришната долина“.

Видете уште[уреди]

Надворешни врски[уреди]