Снајфедлсјекидл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Снајфедлсјекидл
Snæfellsjökull in the Morning (7622876302).jpg
Снајфедлсјекидл
Надм. вис. 1446 м 
Истакнатост >1,200 м
Местоположба
Снајфедлсјекидл се наоѓа во Исланд
Снајфедлсјекидл
полуостровот Снајфелснес, западен Исланд
Координати 64°48′ СГШ 23°47′ ЗГД / 
Геологија
Тип Стратовулкан[1]
Последна ерупција 200 п.н.е. ± 150 години[1]

Снајфедлсјекидл (исландски: ˈstn̥aiːfɛlsˌjœːkʏtl̥, снежен ледник) — 700.000 години стар стратовулкан покриен од ледник кој што се наоѓа во западен Исланд.[2] Името на планината е всушност Снајфел, но најчесто е именуван „Снајфедлсјекидл“ за да се разликува од другата планина со истото име. Се наоѓа во најзападниот дел на полуостровот Снајфелснес во Исланд. Понекогаш може да се види од главниот гра на Исланд, Рејкјавик, на далечина од 120 километри.

Планината е една од најпознатите места на островот, главно поради новелата Патување до Центарот на Земјата (1864) од Жил Верн, во која протагонистите го наоѓаат влезот на патот кој што води до центарот на земјата преку Снајфедлсјекидл.

Планината е дел од Националниот парк Снајфедлсјекидл (исландски: Þjóðgarðurinn Snæfellsjökull).[3]

Во август 2012 година за првпат во историјата на врвот не било забележано никакво присуство на лед.[4]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Snaefellsjökull: Summary“. Програм за глобален вулканизам — Смитсонова установа. http://www.volcano.si.edu/world/volcano.cfm?vnum=1700–01=. конс. 16 февруари 2010.  (англиски)
  2. „Flash map of Snæfellsjökull“. Þjóðgarðurinn Snæfellsjökull. http://flashmap.ust.is/snaefellsjokull/. 
  3. „Snæfellsjökull National Park“ (на англиски). 18 февруари 2004. http://english.ust.is/Snaefellsjokullnationalpark/. 
  4. Haraldur Sigurðsson: Þúfurnar á Snæfellsjökli

Поврзано[уреди]