Пинатубо

Координати: 15°08′30″N 120°21′00″E / 15.14167° СГШ; 120.35000° ИГД / 15.14167; 120.35000
Слушнете ја статијава
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пинатубо
Највисока точка
Надм. вис.
  • 1,486 м (4,875 ст) (денес)
  • 1,745 м (5,725 ст) (пред ерупцијата од 1991)
Заведена какоАктивен вулкан
Координати15°08′30″N 120°21′00″E / 15.14167° СГШ; 120.35000° ИГД / 15.14167; 120.35000
Име
Изговор/ˌpnəˈtb/
Географија
Пинатубо на карта

Карта

МестоЛусон
ЗемјаФилипини
РегионЛусон
Провинции
Матичен венецZambales Mountains
Геологија
Старост на карпатапомеѓу 635,000 ± 80,000
and 1.1 ± 0.09 милиони години[2]
Видкупа-стратовулкан[1]
Последен избув1991[1]

Пинатубо — активен стратовулкан кој се наоѓа на најголемиот филипински остров Лусон[3][4].

Тој е составен главно од андезит и дацит. Пред 1991 година, вулканот бил незабележлив и силно еродиран. Покриен е и со густа шума, која обезбедува безбедност на населението. Локалното племе Аета се повлекло во планините, кога Шпанците го освоиле Филипините во 1565 година.

Ерупцијата на вулканот во 1991 година се случила по 635 години летаргија, непосредно пред месец јуни. Оваа ерупција ја предизвикала најголемата вулканска катаклизма во XX век, заедно со ерупцијта на Новарупта во Алјаска во 1912 година[5].

Комплицирањето на ситуацијата претставувало доаѓањето на тајфунот Јунја, со смртоносна мешавина на пепел и дожд во градовите и населените места околу вулканот. Навременото предвидување за ерупцијата довело до евакуација на десетици илјади луѓе, но лавата, пепелта и лахарите предизвикани од дождовите, сериозно ја оштетиле околината и уништиле илјадници куќи. Околните области биле сериозно оштетени од страна на пирокластични бранови и пепел. Ерупцијата се почувствувала насекаде. Биле исфрлени околу 10 кубни километри лава и 20 милиони тони сулфур диоксид, како и големи количини минерали и метали на површината. Во стратосферата паднало огромно количество аеросоли, повеќе од секоја ерупција на земјата, а потоа на Кракатау во 1883 година. Во наредните месеци аеросолите формирале слој на сулфурна киселина во атмосферата. Следствено на тоа глобалната температура се намалила со околу 0,5° С, а уништувањето на озонската обвивка се зголемила значително. Оваа ерупција предизвикала големо уништување на инфраструктурата и промени на речните системи неколку години по ерупцијата[5][6].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Pinatubo, Global Volcanism Program.
  2. „Pinatubo Volcano“. The Philippine Institute of Volcanology and Seismology (PHIVOLCS). Архивирано од изворникот на 2009-01-29. Посетено на 2017-12-08.
  3. „Tarlac map“. University of Texas in Austin Library. Посетено на 2011-08-02.
  4. "Report of the Philippine Commission to the President, 1901 Vol. III", pg. 141. Government Printing Office, Washington, 1901.
  5. 5,0 5,1 „The Cataclysmic 1991 Eruption of Mount Pinatubo, Philippines“. Посетено на 2007-04-09.
  6. Rodolfo, Umbal, and Alonso. „Two Years of Lahars on the Western Flank of Mount Pinatubo: Initiation, Flow Processes, Deposits, and Attendant Geomorphic and Hydraulic Changes“. USGS Publications. Посетено на 2012-03-07.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]