Знамето на Маршалските Острови е официјалното знаме на оваа океанска држава кое било усвоено на 1 мај 1979 година. Знамето е составено од сина позадина поделена со лента во бела и портокалова боја со бела ѕвезда над лентата. Знамето ја претставува местоположбата на државата во Тихиот Океан. Лентата го претставува екваторот, додека ѕвездата го симболизира архипелагот во Северната хемисфера. Белата лента ги претставува ланецот острови Ратак („изгрев“), а портокаловата го претставува ланецот острови Ралик („залез“), како и мир и храброст. Ѕвездата има 25 краци ги претставува изборните окрузи во државата, додека четирите главни краци ги претставуваат главните центри во државата: Маџуро, Џалуит, Вотџе и Ебеје. Знамето било дизајнирано од Емлаин Кабуа. Низ историјата, државата користела различни знамиња, меѓу кои и знамето на Доверливата Територија на Пацифички Острови, каде Маршалските Острови биле дел од територијата.
[уреди] Историски знамиња
-
Знаме на Доверливата Територија на Пацифички Острови (1965 - 1979)
-
Знамето на ООН се користело на Маршалските Острови (1947 - 1965)
-
Знамето на САД се користело на Маршалските Острови (1944 - 1986)
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
|
Знаме на Океанија |
|
| Држави |
|
|
| Зависни територии |
|
|
| 1 Држави кои се сметаат како дел од друг континент, во овој случај Азија. |
|