Знамето на Кирибати е официјалното знаме на оваа океанска држава. Знамето е составено од два хоризонтално поставени ленти, од кои горната лента е чисто црвена и има приказ на златна птица фригата во лет и златно сонце во изгрев со 17 краци. Втората лента е составена од сина позадина со три бели хоризонтални брановидни ленти. Белите ленти ги претставуваат трите островски групи од кои е составена државата, а тоа се: Гилбертски Острови, Острови Феникс и Линијски Острови. Седумнаесетте краци на сонцето ги симболизираат шестнаесетте Гилбертски Острови и островот Банаба. Овој дизајн бил всушност грбот на колонијалните Кирибати, кој се наоѓал на старото знаме на државата, покрај знамето на Обединетото Кралство и истиот бил направен во 1932 година.
Веднаш по независноста на Кирибати се одржал конкурс за избор на новото знаме на државата и денешниот дизајн кој е базиран на колонијалниот грб бил избран за знаме на Кирибати. Птицата симболизира команда на морето, додека брановите и сината боја го симболизираат Тихиот Океан, а сонцето ја симболизира местоположбата на Кирибати т.е. близината на екваторот.
[уреди] Поврзано
|
Знаме на Океанија |
|
| Држави |
|
|
| Зависни територии |
|
|
| 1 Држави кои се сметаат како дел од друг континент, во овој случај Азија. |
|