Закон за заштита на македонската национална чест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уставот на судот од законот објавено во весникот „Нова Македонија“ во Јануари 3 1945

Законот за заштита на македонскатата национална чест ― краток траен закон донесен од владата на Социјалистичка Република Македонија на почетокот на 1945 година. Президиумот на АСНОМ формираше специјален суд за спроведување на овој закон, кој стапи на сила на 31 март 1945 година.[1] Оваа одлука е донесена на второто заседание на АСНОМ на 30 декември 1944 година.[2] Судскиот орган траел за многу краток период и бил укинат со нов закон во 1 јули 1945.[3] Во Бугарија се смета дека законот бил намерно злоупотребен да се осуди луѓе во Македонија со бугарски корен и да го строго да го наметне македонското име на населението.[4] Според бугарски извори околу 100.000 луѓе со бугарско потекло биле осудени за смрт или протерани од Македонија.[5]

Сепак нема извори од страна на Бугарија што докажува дека законот бил злоупотребен, според историски извори судот само можеше да осудило луѓе кој биле Македонци по потекло, што означува дека малцинствата биле заштитени од законот. Законот исто изјавувал дека малцинствата можеле да бидат осудени само ако работеле со фашистичките држави како Фашистичка Бугарија, Италија и Нацистичка Германија во време на народната ослободителна војна.[6] Според Ставре Џиков, кој бил осуден од судската власт од истиот законот, биле осудени околу 1.500 луѓе, кој сите биле Македонци. Сепак бројот пратени во затвор или осудени за смрт уште не се знае до ден денес.[7] Стефан Дечев, историчар од Бугарија истакнува како бројот на 100.000 осудени е чиста невистина, исто така спомнал како закон за осудувања биле против Македонци наместо бугарското население.[8]

Историја[уреди | уреди извор]

Подготвувајќи го Третото заседание на АСНОМ Президиумот подготви неколку мошне значајни закони чие донесување претстоеше. Такви беа: Закон за измена и дополнение на Решението на АСНОМ за неговото конституирање како врховно законодавно и извршно тело, Закон за заклетвата на народните претставители, Закон за донесување уредба за основање на Универзитет во Скопje, Закон за овластување и донесување уредби за високите школи и академии, Закон против шпекулата, и од таму било одлучен да се формира закон за заштита на националниот чест.[9]

Главниот корист на законот од прво било осудувањето на луѓе што соработувале со фашистичките држави во време на втората светска војна, но почна да биде злоупотребен од страна на СФРЈ за осудување на Македонци којшто посакувале независна Македонија и обединувањето на Македонија со Пиринска Македонија и Егејска Македонија.[10] Според ќерката на Методија Андонов Ченто законот бил злоупотребен за убиството на Македонци бидејќи Кардељ бил наводно изненаден колку малку жртви починале во време на народното ослобудување на Македонија во споредба со другите краишта на Југославија, и за да ce потврдило сликата која е создадена кај сојузниците требало сите затвореници да бидат стрелани.[11] Но такви гледишта се претежно пристранети.

Имплементација на законот и укинување[уреди | уреди извор]

Весникот Нова Македонија на 3 јануари 1945 година го објави новоусвоениот закон за судење на злосторствата против македонската национална чест. Законот предвидуваше голем број санкции: губењето на граѓански права, затвор со присилна работа, конфискација на имот, а во случаи кога се сметаше дека обвинетиот може да биде осуден на смрт, се предвидуваше тие да бидат предадени на „надлежен суд“. Законот се однесува и на териториите кои се окупирани од Италија и Албанија. Законот е преседан во европската правна историја. Во 1 јули 1945 само еден месец од формирање на судот бил укинат од страна на владата на Социјалистичка Македонија, законот за укинувањето на судот бил објавен во службениот весник на Македонија во 30 јули 1945. Но сепак кога бил укинат во јули 1945 имаше уште неколку неофицинални осудувања до 1946. Судот бил вместен во Скопје, и бил едистевениот суд на законот, главниот организатор на судот бил Лазар Мојсов со помош на најдобрите судии низ Македонија во тоа време.[12]

посебно значајна улога одигра судот за судење на престапите против македонската национална чест, кој судеше во седиштата на обласниот, односно окружниот народно-слободителен одбор, во денови претходно определени. Судењата ги спроведуваше совет од петтмина избран од територијата на округот каде шо се суди. Претседателот на судот го определувал составот на советот, во зависност од карактерот на престапот. Со оглед дека судиите на судскиот совет по правило се бирани од редот на неправниците, секој судски совет имал секретар кој го поставува президиумот на народното собрание на Македонија. Секретарот го води записникот на судската расправа, во изготвувањето на судските одлуки му помага на судиите и ги врши административните работи под надзор на претседателот на советот.

Лист на осудени[уреди | уреди извор]

Лист на луѓе кој што е потврдено дека биле осудени од судот.

Лист на Oсудени
Име и презиме Родно место Датум на осудување Казна Навод Додаток
1 Зафир Стефанов Џиков Скопје 23-24 Април 1945 8 години губење на национална чест, 2 години на понудена работа и целосна конфискација на имот [13] [14][15][16][17]
2 Тодор Славков Бербулов 27 Април 1945 10 години губење на национална чест, 5 години на тешка работа и целосна конфискација на имот [18] [16][17]
3 Георги Панков Димитриев 17-18 Мај 1945 10 години губење на национална чест, 7 години на тешка работа и целосна конфискација на имот
4 Никола Мишев Шекеринов 8 години губење на национална чест, 4 години на тешка работа и целосна конфискација на имот
5 Димитар Божинов Рибаров 5 години на губење на национална чест и целосна конфискација на имот
6 Крум Димитров Бабамов Штип 8 години губење на национална чест, 5 години на тешка работа и целосна конфискација на имот [19][16][17]
7 Димитар Х. Томов Скопје 7 години губење на национална чест, 3 години на тешка работа и целосна конфискација на имот [16][17]
8 Иван Ралев Гевгелија 23 Мај 1945 2 години на губење на национална чест и целосна конфискација
9 Тодор А. Петров 5 години губење на национална чест, 2 години на работа и целосна конфискација на имот [20]
10 Димитар Г. Старделев 6 години губење на национална чест, 3 години на работа и целосна конфискација на имот
11 Мито А. Попов 4 години губење на национална чест, 1 години на работа и целосна конфискација на имот
12 Павле Васев Георгиев Скопје 26 Мај 1945 10 години губење на национална чест, 3 години на тешка работа и целосна конфискација на имот [18]
13 Панче Крстев Грозданов 8 години губење на национална чест, 3 години на работа и целосна конфискација на имот [21]
14 Димитар Давидов 8 Јуни 1945 животно губење на национална чест, 10 години на тешка работа и целосна конфискација на имот [22]
15 Маноил Стојанов [13]
16 Васил А. Манушев Куманово 1 Јули 1945 4 години губење на национална чест, 1 години на тешка работа и целосна конфискација на имот [23]
17 Кирил Крстев Атанасов 3 години губење на национална чест, шест месеци на тешка работа и целосна конфискација на имот
18 Тодор Пановски 2 години на губење на национална чест и конфискација на домот
19 Славко Масевски 5 години на губење на национална чест
20 Славко Сотировски Гостивар 2-4 Јули 1945 Непознато [18]
20 Нико Гогов Тетово
21 Мато Симов
22 Драго Геров
23 Никофор Коцев Талаганов Скопје 12 Јануари 1946 8 години на губење на национална чест и 4 години на тешка работа [24]
24 Андреј Алексов Михајлов 15 години на губење на национална чест и 8 години на тешка работа [25][16][17]
25 Ферхад Бег Драга Целосна конфискација на имот [16][17]
26 Иван Анте Петров
27 Никола Андонов животно губење на национална чест, 10 години на тешка работа и целосна конфискација на имот
28 Лазар Георгиев - Крајничанец 20 години губење на национална чест, 7 години на тешка работа и целосна конфискација на имот
29 Љуба Димитријев Љубисављевиќ   8 години губење на национална чест, 6 години на тешка работа и целосна конфискација на имот
30 Димитар Христов Железаров   6 години губење на национална чест, 2 години на тешка работа и целосна конфискација на имот
32 Асен Татарчев Ресен Непознато, можно некаде во 1946 или 1945 10 години губење на национална чест, 10 години на тешка работа и целосна конфискација на имот [24]
33 Владамир В. Туџаровски Битола животно губење на национална чест, 15 години на тешка работа и целосна конфискација на имот
34 Милчо Георгиев Стојанов Струмица Конфискација на имот [26]
35 Никола Колчо Нанов 5 години губење на национална чест, принуда на тешка работа и целосна конфискација на имот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ЗАКОН ЗА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ од УДБАмкд
  2. Гласник на Институтот за национална историја, Volume 19 [Bulletin of the Institute of National History, Volume 19] (Slovenian). Institute of National History. 1975. стр. 59. На 30 декември 1944 година со решение на Президиумот на АСНОМ се создава суд за судење на престапи извршени против македонската национална чест.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. Служебен весник на Федералната Единица Македонија во демократска и федеративна Југославија, Број 12, Година I
  4. Църнушанов, Коста (1992). Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него. Софија: Университетско изд-во "Св. Климент Охридски". стр. 149.
  5. Dejan Djokić (2003). Yugoslavism: Histories of a Failed Idea, 1918-1992. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 122. ISBN 1850656630. Бугарски извори викат дека илјадници луѓе ги загубиле животите од 1944 година, а над 100.000 биле затворени според „законот за заштита на македонската национална чест“ поради спротивставување на новата етногенеза.
  6. "Во актот за формирање на судот таксативно се наброени кои се делата што потпаѓаат под Судот за повреда на национална чест, а не како дела за воено злосторство и за соработка со окупаторот. Тука има уште една специфичност, која е многу битна, актот се однесува исклучително за Македонците, не се работи за припадниците на националните малцинства“ во весник Македонско сонце (10 Јуни 2005) историчар Михајло Миноски
  7. весник Македонско сонце (10 Јуни 2005) Ставре Џиков
  8. За Коминтерна и Македония. Така е, но не точно (2020) од Стефан Дечев
  9. ПРИЛОГ КОН РАБОТАТА НА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ МЕЃУ ВТОРОТО И ТРЕТОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ (ОД 1. I. ДО 15. IV. 1945) (1975) од Миле Тодоровски, страна 57
  10. ПОЛИТИЧКИТЕ ПРИЛИКИ ЗА ВРЕМЕ НА ФОРМИРАЊЕТО НА ПРВАТА НАРОДНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА (1959) од Виолета Ачковска, страна 241
  11. Мојот Татко - Методија Андониов-Ченто (1999) од Илија Андонова-Ченто, страна 281
  12. Значаен исчекор кон македонската државност(2022)
  13. 13,0 13,1 Служебен Лист на Федеративна Народна Република Југославија (1 март 1946)
  14. Зафир Џиков бил член од централниот комитет на Бугарскиот акциононен комитет и еден од главните уредувачи на списанието Луч
  15. Во мај 1935 се потпишал во меморандум од ММТРО за лошите услови на Македонија под Југославија, посакувајќи Слободна Македонија
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 Терминот национална чест според самата влада означуваше губиток на граѓански права. Во Службениот весник во 11 август 1945 го дефинираат губитокот на национална чест како „Лицата који со судска пресуда се осудени на губење национална чест односно политички и поедини грагјански права за времето до дека това губење траје.“ (видете ваму)
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 17,5 Во 6 август 1947 сите осудени граѓани од законот за заштита на Македонскиот чест биле помилувани само со тешка работа, за повеќе информации одите ваму
  18. 18,0 18,1 18,2 Служебен Весник на Федеративна Македонија (ноември 27 1945)
  19. Крум Бабамов бил член од централниот комитет на Бугарскиот акциононен комитет
  20. Служебен Лист на Федеративна Народна Република Југославија (12 март 1946)
  21. Служебен Лист на Федеративна Народна Република Југославија (15 март 1946)
  22. Службен Весник на Федерална Македонија (декември 9 1945)
  23. Служебен Весник на Федеративна Македонија (октомври 29 1945)
  24. 24,0 24,1 Служебен Лист на Федеративна Народна Република Југославија (5 февруари 1946)
  25. Беше виден член на ММТРО
  26. Служебен Лист на Федеративна Народна Република Југославија (12 февруари 1946)