Жарко Пешевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жарко Пешевски
Лични податоци
Роден(а) 11 април 1991(1991-04-11)(33 г.)
Скопје, Македонија
Националност Македонија Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1.95 м
Позиција Пивот
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија Еурофарм Пелистер
Број 44
Сениорски клубови

2013–2018
2018–2019
2019–2022
2022–
Македонија Металург Јуниор
Македонија Металург Скопје
Украина Мотор Запорожје
Германија Штутгарт
Македонија Еурофарм Пелистер
Репрезентација
2013– Македонија Македонија 39 (69)

Жарко Пешевски (роден на 11 април 1991 г.) — македонски ракометар кој игра за Еурофарм Пелистер и за македонската репрезентација.[1][2][3]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Пешевски започнал да тренира ракомет на 13-годишна возраст во Металург Скопје и во клубот ги поминал сите возрасни категории.[4] Во првиот тим на Металург, Пешевски за прв пат дебитирал во 2014 година[5], и истата година со клубот ја освоил титулата во македонската супер лига.

На крајот на сезоната 2017–18, Пешевски започнал интернационална кариера, потпишувајќи договор со украинскиот првак Мотор Запорожје. Тој со клубот го освоил украинскиот супер куп и украинското првенство во сезоната 2018–19, а потоа на крајот на сезоната се преселил во германската Бундеслига, потпишувајќи двегодишен договор со екипата на Штутгарт.

Во сезоната 2020–21, тој бил петти најдобар стрелец за Штутгарт во Бундеслигата, постигнувајќи 90 гола, со процент на реализација од 73%.[6]

Успеси[уреди | уреди извор]

Победник: 2013–14
Победник: 2018–19
  • Украина Супер куп на Украина
Победник: 2018

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. EHF profile
  2. „2017 World Championship roster“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-01-13. Посетено на 2022-05-09.
  3. 2019 World Men's Handball Championship roster
  4. Пешевски останува во Металург уште две години (ФОТО) Архивирано на 16 мај 2022 г. mkd.mk; 15 јули 2015
  5. Пешевски се збогува со Металург, започнува интернационална кариера gol.mk; 30 мај 2018
  6. Season statistics 2020/21 Handball-Bundesliga

Надворешни врски[уреди | уреди извор]