Македонски Египќани

Од Википедија — слободната енциклопедија

Македонски Египќани — составен дел на Балканските Египќани, кои своето потекло го имаат од Стариот Египет, уште од најстарите цивилизациски времиња на Балканот. Нивното постоење е забележано во многу историографски, археолошки, етнографски, лингистички и други извори. Заедницата на Египќаните во Македонија има свои специфични елементи на својата етно-култура, во својата материјална, духовна и општествена култура, со својата специфична ендогамија, но и етно-мимикрија. Според некои документи од Ватиканскиот архив идентитетот на египќанското население на Балканот е присутно во 306 година. Може да се следи континуитетот на присутност на оваа заедница за време на сите историски периоди до ден денешен. Во 1867 година во весникот „Македонија” што е издаван во Цариград (8 август 1867 година) има едно писмо испратено до уредникот на весникот, потпишано од „Еден Египтјанин” од Прилеп, со содржина за заштита и борба за малцинските и религиозаните права на луѓето од заедницата на Египќаните.

Процесот на јавно изјаснување на својот сопствен идентитет на Египќаните започнал во 1970-тите години со првите напори за добивање на сопствена графа „Египќани” во пописите на поранешна Југославија, и во СР Македонија одделно. Некои Египќани во Македонија на пописот од 1981 година се декларирале себеси како „Еѓупци“ но биле рекласифицирани како „Роми“, додека другите се изјаснувале како „Египќани“ за првпат во СР Македонија, но тие исто така не биле обработени во пописните резултати и биле класифицирани како „други“. Со цел да се добие посебна графа „Египќани“, луѓето започнале да составуваат петиција, не само во Македонија, но и во Косово исто така (над 4000 луѓе од Косово ја потпишале петицијата), што била доставена до разните дистанци на органите на власта на тогашна СФР Југославија. Тешките напори завршиле со пописот од 1991 година, кога египќанските активисти успеале да ги убедат југословенските власти да воведат графа за Египќаните во пописните листи.[1]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Омер Зекировски — македонски режисер
  • Рубин Земон — македонски универзитески професор и етнолог
  • Акиф Бајрамов - Поштаро
  • Нешад Аземовски — активист во невладиниот сектор, член на претседателство на сојуз на балкански Египќани, активист во невладин сектор
  • Зизо Љамковски — Претседател на здружението за заштита на културниот идентет на Египќаните ИЗИДА 41/21 Ресен
  • Вахид Мемед - активист во невладиниот сектор ,заменик претседател на Здружение на балканските Египќани во Македонија,младински работник

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Статистички годишник на Република Македонија“, Скопје, 2005