Данго Уатара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Данго Уатара
Лични податоци
Полно име Данго Абубакар Фаисал Уатара[1]
Роден на 11 февруари 2002(2002-02-11)(22 г.)
Роден во Уагадугу, Буркина Фасо
Држава Буркина Фасо Буркина Фасо
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција крило, напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Борнмут Борнмут
Број 11
Младинска кариера
Маџестик
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2019–2020 Маџестик 11 (5)
2020–2021 Лорјан Б 5 (1)
2021–2023 Лорјан Лорјан 43 (7)
2023– Борнмут Борнмут 20 (1)
Репрезентација
2021- Буркина Фасо Буркина Фасо 19 (7)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Данго Абубакар Фаисал Уатара (роден на 11 февруари 2002, во Уагадугу) — е фудбалер од Буркина Фасо, крило или напаѓач на Борнмут и на репрезентацијата на Буркина Фасо.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Лорјан[уреди | уреди извор]

Уатара ја започнал својата кариера во својата родна Буркина Фасо како младински производ на екипата Маџестик, пред да потпише за францускиот Лорјан во 2020 година.[2]

Откако најпрво настапувал за вториот тим на Лорјан во четвртото ниво на францускиот фудбал, своето деби за првиот тим го направил на почетокот на сезоната 2021-2022, појавувајќи се како доцна замена во судиското надополнување од натпреварот Сент Етјен-Лорјан (1-1) во рамките на првото коло на Лига 1, одигран на 8 август 2021.[3] Својот прв гол за Лорјан го постигнал во победата со 1-0 на домашен терен над Мец на 20 април 2022. Тоа бил неговиот единствен погодок за Лорјан во 26 настапи во неговата прва сезона со првиот тим на Лорјан.

Борнмут[уреди | уреди извор]

На 19 јануари 2023 година, Уатара се преселил во англискиот клуб Борнмут, со кој потпишал договор до 2028 година.[4] Дебитирал во Премиер лигата на 21 јануари, во натпреварот на домашен терен против Нотингем Форест што завршил без победник 1-1. Својот прв гол за „црешите“ го постигнал на 15 април, и тоа победничкиот во 95-тата минута при успехот со 3–2 на гостувањето против Тотенхем.[5]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Уатара дебитирал за репрезентацијата на Буркина Фасо на 30 декември 2021, во пријателски натпревар против Мавританија во склоп на подготовките за Африканскиот куп на нации 2021 кој се одржал во Камерун во јануари 2022 година. Откако бил повикан да ја претставува својата земја на споменатиот турнир, тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата во победата со 1-0 во четвртфиналето против Тунис; неговиот погодок бил одлучувачки за пласманот на Буркина Фасо во полуфиналето, но во 82-рата минута од четвртфиналето тој добил директен црвен картон поради кој бил суспендиран за натпреварот од полуфиналето против Египет. Без Уатара Буркина Фасо го загубиле тој натпревар, како и натпреварот за третото место.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Буркина Фасо
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
30-12-2021 Абу Даби Мавританија Мавританија 0 – 0 Буркина Фасо Буркина Фасо Пријателска - влегол во игра 45'
2-1-2022 Дубаи Буркина Фасо Буркина Фасо 3 – 0 Габон Габон Пријателска -
17-1-2022 Бафусам Буркина Фасо Буркина Фасо 1 – 1 Етиопија Етиопија АФКОН 2021 - Прва фаза - влегол во игра 63'
23-1-2022 Лимбе Буркина Фасо Буркина Фасо 1 – 1
(8 - 7 пен.)
Габон Габон АФКОН 2021 - Осминафинале - заменет 89'
29-1-2022 Гаруа Буркина Фасо Буркина Фасо 1 – 0 Тунис Тунис АФКОН 2021 - Четвртфинале 1 Red card 82'
24-3-2022 Приштина Косово Косово 5 – 0 Буркина Фасо Буркина Фасо Пријателска -
29-3-2022 Андерлехт Белгија Белгија 3 – 0 Буркина Фасо Буркина Фасо Пријателска - заменет 89'
3-6-2022 Маракеш Буркина Фасо Буркина Фасо 2 – 0 Зелен ’Рт Зелен ’Рт Квал. за АФКОН 2023 1
7-6-2022 Јоханесбург Есватини Есватини 1 – 3 Буркина Фасо Буркина Фасо Квал. за АФКОН 2023 2
23-9-2022 Казабланка Буркина Фасо Буркина Фасо 1 – 0 ДР Конго ДР Конго Пријателска -
27-9-2022 Казабланка Буркина Фасо Буркина Фасо 2 – 1 Комори Комори Пријателска - влегол во игра 62'
19-11-2022 Уагадугу Буркина Фасо Буркина Фасо 2 – 1 Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска Пријателска 1 добил жолт картон во 90-тата минута 90' заменет 90'
24-3-2023 Маракеш Буркина Фасо Буркина Фасо 1 – 0 Того Того Квал. за АФКОН 2023 -
28-3-2023 Ломе Того Того 1 – 1 Буркина Фасо Буркина Фасо Квал. за АФКОН 2023 1 заменет 79'
18-6-2023 Праја Зелен ’Рт Зелен ’Рт 3 – 1 Буркина Фасо Буркина Фасо Квал. за АФКОН 2023 -
13-10-2023 Малабо Екваторска Гвинеја Екваторска Гвинеја 0 – 0 Буркина Фасо Буркина Фасо Пријателска -
17-10-2023 Казабланка Мавританија Мавританија 1 – 2 Буркина Фасо Буркина Фасо Пријателска -
17-11-2023 Маракеш Буркина Фасо Буркина Фасо 1 – 1 Гвинеја-Бисао Гвинеја-Бисао Квал. за СП 2026 -
21-11-2023 Ел Жадида Етиопија Етиопија 0 – 3 Буркина Фасо Буркина Фасо Квал. за СП 2026 1 добил жолт картон во 70-тата минута 70'
23-1-2024 Јамусукро Ангола Ангола 2 – 0 Буркина Фасо Буркина Фасо АФКОН 2023 - Прва фаза -
Вкупно Настапи 20 Голови 7

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 20 јануари 2023.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2021-2022 Франција Лорјан Б НПФ 5 1 - - - - - - 5 1
2021-2022 Франција Лорјан Л1 25 1 КФ 1 0 - - - - 26 1
2022-јан. 2023 Л1 18 6 КФ 0 0 - - - - 18 6
Вкупно Лорјан 43 7 1 0 - - - - 44 7
јан.-јун. 2023 Англија Борнмут ПЛ 19 1 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 19 1
2023-2024 ПЛ 13 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 14 0
Вкупно АФК Борнмут 32 1 1 0 - - - - 33 1
Вкупно во кариерата 75 8 2 0 - - - - 77 8

Репрезентативна статистика[уреди | уреди извор]

Репрезентација Година Настапи Голови
 Буркина Фасо 2021 1 0
2022 11 5
2023 7 2
Вкупно 19 7

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Updated Premier League squad lists for 2022/23“. Premier League. 4 February 2023. Посетено на 6 February 2023.
  2. „Dango Ouattara signe son premier contrat professionnel“. FC Lorient. 20 May 2021.
  3. „Saint-Etienne vs. Lorient – 8 August 2021“. Soccerway.
  4. „Ouattara becomes first January signing“. afcb.co.uk. 2023-01-09. Посетено на 2023-01-09.
  5. „Tottenham Hotspur v Bournemouth team news“. BBC Sport. Посетено на 2023-04-15.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]