Горно Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Горното Езеро и останатите Големи Езера.

Горното Езеро или Супериор (анг. Lake Superior), кое се граничи со Онтарио и Минесота на север и Висконсин и Мичиген на југ, е најголемо од северноамериканските Големите Езера. Тоа е второ по големина езеро во светот, како и најголемото слатководно езеро по површина во светот.

Бајкалското Езеро во Сибир е подлабоко од Горното Езеро, како и езерото Тангањика. Каспиското Езеро, иако е многу поголемо од Горното Езеро и по површина и по длабочина, е солено; иако тоа е денес изолирано, во минатото било поврзано со Средоземното Море преку Црното Море.

Горното Езеро (48°00’N, 88°00’W) има површина од 82,100 km², што значи дека е поголемо од Јужна Каролина. Има максимална должина од 563 km и максимална ширина од 257 km. Неговата просечна длабочина е 147 m со максимална длабочина до 406 m. Горното Езеро содржи 12.100 км³ вода. Во ова езеро има доволно вода за да се покрие целата копнена маса на Северна и Јужна Америка, со висина од 30 cm. Бреговата линија на езерото се протега на околу 4385 km (вклучувајќи ги и островите). Надморската висина на езерото е 183 m над морското ниво.

Копното околу езерото е богато со минерали. Најчесто ископувани се бакарот, железото, среброто, златото и никелот. Многу градови се или сегашни или поранешни рударски области, или, пак, преработувачки центри и места за извоз на минералите. Ретко населената околина околу Горното Езеро со нејзините ридести брегови и дивина привлекуваат туристи и авантуристи, правејќи го туризмот голема модерна индустрија.

Горното Езеро е важен воден пат за железна руда и е дел од Водниот пат на Големите Езера.