Голем шарен клукајдрвец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Голем шарен клукајдрвец
Голем мажјак
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Поткласа: Нови птици
Инфракласа: Нововилични
Ред: Клукајдрвести
Фамилија: Клукајдрвци
Потфамилија: Picinae
Племе: Dendropicini
Род: Dendrocopos
Вид: D. major
Биномен назив
Dendrocopos major
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Dendrocopos submajor
Dryobates major

Големиот шарен клукајдрвец (Dendrocopos major), спаѓа во редот на клукајдрвците, фамилијата (Picidae). Го среќаваме во Европа и северна Азија, и најчесто живее секаде освен во најладнте делови. Не се смета за загрозен вид од страна на IUCN, бидејќи е широко распростанет и прилично чест.[2] Го има и во Македонија.

Опис[уреди]

Големиот шарен клукајдрвец е 23-26 cm голем, со 38-44 cm распон на крилја. Горните делови му се сјајно црни, со бели делови на лицето и вратот. Една црна линија се движи цик-цак од рамото до половина пат кон градите, па свртува назад кон тилот; се проширува кон клунот, оди под окото и го исполнува вториот дел од линијата. На рамото има голема бела дамка и пердувите на крилата завршуваат со црно-бели бои. Трите надворешни пердуви на опашката се покажуваат кога тврдата опашка се шири, припомагајќи во искачувањто. Долните делови се просто бели, а стомакот и делот под опашката постепено преминуваат во црвено. Клунот е црн, а нозете се зеленкасто-сиви.

Мажјаците имаат црвена точка на тилот, кое го нема кај женките и кај младите птици.

И покрај впечатливите перја, големиот шарен клукајдрвец е често незабележлив. Големата бела дамка на рамото е делот кој најмногу паѓа во очи. Кога е скриена во зеленилото, не се забележува, но нејзиното присуство го издава механичкото шушкање, звук кој произлегува од брзото удирање на силниот клун во гранките или стеблата. Удирањето на овие видови е пократко отколку на малиот шарен клукајдрвец, и на крај го снемува. Тој може да се слушне од голема далечина, во зависност од ветерот и состојбата на дрвото (шупливатa гранка дава погласен звук отколку здравата гранка). Звукот е остар кик кик .

Систематизација[уреди]

Големиот шарен клукајдрвец има неколку живи подвидови. Палеоподвидот D. m. submajor живеел во средниот плеистоцен 250,000 до 300,000 години пред нашата ера, пронајден во Европа јужно од покривката на мразот. Тој понекогаш се третира како посебен вид, но не се разликува многу од живиот големи шарен клукајдрвец во Европа, освен во големината. Европските подвидови во нашето време се најверојатно негови директни потомци.[3]

Слични видови[уреди]

Мажјакот на големиот шарен клукајдрвец не може да се згреши. Единствени видови кои му се слични се: сирискиот клукајдрвец (D. syriacus) и белокрилниот клукајдрвец (D. leucopterus). Тие се разликуваат во помалку развиената линија на вратот, која не достигнува кон центарот на градите или не го достигнува црното на клунот, како што е кај големиот шарен клукајдрвец. Вториот вид има подолга дамка на крилото. Женките се разликуваат на истиот начин од сличните, сириски клукајдрвец и белокрилен клукајдрвец.

Живеалиште и однесување[уреди]

Големиот шарен клукајдрвец е жител на шумите и парковите, хранејќи се и гнездејќи на старите дрвја. По дрвјата се движат отсечно, потскокнувајќи со едната нога нанапред. Исхраната им се состои претежно од инсекти и ларви, но и од семиња, овошки, трошки, јајца и сл. Често прави дупки по кората на младите иглолисни дрва и им го пие сокот. За време на есента и зимата јаде повеќе растителна храна, суви плодови, боровинки, семки од иглолисните дрва. Тој ги кине шишарките, ги сместува во дупка на дрвото и со силниот клун им го вади семето. Може да изеде семе од 50 шишарки дневно. Гнездата ги прави во дупките на дрвата кои сам ги издупчува. Ги постилаат со меката гнилеж од дрвото и несат 4-8 бели јајца кои ги лежат 12-13 дена. Родителите ги хранат младенчињата дваесетина дена, а потоа тие го напуштаат гнездото. Возрасните продолжуваат да ги хранат младенчињата уште околу три недели, а потоа тие целосно се осамостоени.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Дополнителна литература[уреди]

  • Gorman, Gerard (2004): Woodpeckers of Europe: A Study of the European Picidae. Bruce Coleman, UK. ISBN 1-872842-05-4
  • Matsuoka, Shigeru (2008): Wood hardness in nest trees of the Great Spotted Woodpecker Dendrocopos major. Ornithological Science 7(1): 59–66. DOI:10.2326/1347-0558(2008)7[59:WHINTO]2.0.CO;2 HTML abstract
  • Mlíkovský, Jirí (2002): Cenozoic Birds of the World (Part 1: Europe). Ninox Press, Prague. Шаблон:Listed Invalid ISBN PDF fulltext
  • Mourer-Chauviré, C.; Philippe, M.; Quinif, Y.; Chaline, J.; Debard, E.; Guérin, C. & Hugueney, M. (2003): Position of the palaeontological site Aven I des Abîmes de La Fage, at Noailles (Corrèze, France), in the European Pleistocene chronology. Boreas 32: 521–531. doi:10.1080/03009480310003405 (HTML abstract)

Надворешни врски[уреди]