Белокрстен шарен клукајдрвец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Белокрстен шарен клукајдрвец
Photo of a male D leucotos
Mажјак D leucotos
Drawing of a pair of D leucotos
D leucotos пар
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Клукајдрвци
Фамилија: Picidae
Род: Dendrocopos
Вид: D. leucotos
Биномен назив
Dendrocopos leucotos
(Bechstein, 1802)

Белокрстниот шарен клукајдрвец (Dendrocopos leucotos) е Евроазиски клукајдрвец кој припаѓа на родот Dendrocopos. Toj е најголем од досега забележаните клукајдрвци во западниот палеарктик. Го има и во Македонија.

Опис[уреди]

Белокрстниот шарен клукајдрвец е долг 24-26 cm, со распон на крилјата 38-40 cm и има перја слични како големиот шарен клукајдрвец, но со бели линии низ целите крилја наместо точки и бел долен грб. Мажјаците имаат црвена круна, а женките црна.[2]

Распространетост[уреди]

Подвидот D. l. leucotos го среќаваме во централна и северна Европа, а подвиодот D. l. lilfordi на Балканот и во Турција. Уште десет подвида се распространети до Кореја и Јапонија. Таа е ретка птица, која бара голема шума, со многу мртви дрвја. Нивниот број значително се намали во нордиските земји, а во Шведска се смета за загрозен вид и е ставен во националната прогарама за заштита.[3]

Однесување[уреди]

Во сезоната на парење овој клукајдрвец, како и другите од неговиот род, прави гнездо во дупките на дрвото, која е широка околу 7 см и 30 см длабока. Снесува 3-5 бели јајца и ги инкубира 10-11 дена. Се храни претежно со дрвните штетници - инсекти, и нивните ларви, со разни други инсекти, како и со ореви, семиња и други плодови. Чукањето во дрво од страна на мажјаците е многу силно, а огласувањето вклучува мек звук „киук“ и малку подолг „куееек“.

Подвидови[уреди]

Има 12, до сега познати, подвида:[4][5]

  • D. l. leucotos
  • D. l. lilfordi
  • D. l. tangi
  • D. l. subcirris
  • D. l. stejnegeri
  • D. l. namiyei
  • D. l. takahashii
  • D. l. owstoni
  • D. l. fohkiensis
  • D. l. insularis
  • D. l. quelpartensis
  • D. l. uralensis

Наводи[уреди]

Извори[уреди]

  • Gorman, Gerard (2004): Woodpeckers of Europe: A Study of the European Picidae. Bruce Coleman, UK. ISBN 1-872842-05-4.

Надворешни врски[уреди]