Клукајдрвести

Од Википедија — слободната енциклопедија
Клукајдрвести
Мажјак,
(Melanerpes carolinus)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Поткласа: Нови птици
Инфракласа: Нововилични
Ред: Клукајдрвести
Meyer & Wolf, 1810
Suborders and families

Galbulae

Pici

Синоними

Galbuliformes

Клукајдрвестите науч. Piciformes Девет фамилии од широко распространетите птици го сочинуваат редот . Овој ред содржи околу 67 рода, со преку 400 вида.

Опис[уреди | уреди извор]

Клукајдрвестите птици, се многу необични, добро опремени ползачи. Речиси сите птици од овој ред имаат зигодактилно обликувани стапала, односно имаат 2 прста свртени нанапред (до половина на првиот зглоб меѓусебно сраснати) и два прста свртени наназад. Само неколку видови имаат три прста наместо четири. Сите прсти имаат силни, остри канџи во облик на полумесечина, што им овозможува лесно да се качуваат нагоре по стеблото. Клунот, исто така, им е силен, а на врвот многу остар.

Опашката на овој ред птици е исто така многу специфична. Пердувите на опашката се релативно кратки и цврсти, па таа им служи како „трета нога“ при ползењето нагоре-надолу по стеблото, а особено како поптпорка кога го клукаат дрвото.

Тие немаат меки долни пердувчиња, туку само цврсти пердуви.

Претежно се хранат со инсекти, но има и такви кои јадат овошје или пчелин восок. Оние видови кои се хранат со инсекти, се движат од дното на стеблото кон крошната, копајќи со клунот во кората на дрвото за да дојдат до инсектите или нивните ларви. Откако со остриот клун ќе ископаат, тогаш за фаќање на инсектите им користи необично обликуваниот јазик. Тој им е многу долг, змијолик, малку `рскавичен, а по рабовите на секоја страна има по 4 до 5 кратки, цврсти боцки, кои потсетуваат на врв од стрела. Исто така, лачат леплива слуз, како мравојадите, која им помага при исхранувањето. Се сметаат за корисни чистачи на шумите од паразити и разни штетни инсекти.

Сите, без исклучок, гнездат во дупки од дрвјата, кои или сами ги издупчиле, или пак, ги земаат од други, или наоѓаат природни. Младенчињата брзо се излегнуваат, но потоа им е потребна нега од родителите додека целосно не се осамостојат.

Големината им се движи од 7 cm долг и 8 грама тежок, најмалиот, до 63 cm долг и 680 грама тежок, најголемиот.[1]

Систематизација[уреди | уреди извор]

Ред: PICIFORMES

Клукајдрвците како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Short, Lester L. (1991). Forshaw, Joseph (уред.). Encyclopaedia of Animals: Birds. London: Merehurst Press. стр. 152–157. ISBN 1-85391-186-0.
  2. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 83.
  3. Ванчо Николески, Чудотворен кавал, Мисла, Наша книга, Детска радост, Култура, Македонска книга, Скопје, 1993, стр. 38-42.

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Gorman, Gerard (2004): Woodpeckers of Europe: A Study of the European Picidae. Bruce Coleman, UK. ISBN 1-872842-05-4.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]