Среден шарен клукајдрвец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Среден шарен клукајдрвец
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Клукајдрвци
Семејство: Picidae
Род: Dendrocopos
Вид: D. medius
Научен назив
Dendrocopos medius
(Linnaeus, 1758)

Средниот шарен клукајдрвец (Dendrocopos medius) е европски клукајдрвец кој му припаѓа на родот Dendrocopos. Го има во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Средниот шарен кукајдрвец е 20–22 см долг и има перја слични на големиот шарен клукајдрвец. Како и кај тие видови, горните делови се претежно црни, со бели кругови на горниот дел од крилјата, и бели хоризонтални линии на при крајот на крилјата. Долните делови им се бели. Главната разлика е што имаат црвени круни, розови перја кај анусот, темни ленти на слабините и немаат црна мустаќеста лента.

Среден шарен клукајдрвец

Иако е само малку помал од големиот шарен клукајдрвец, изгледа помал заради малиот тенок клун и позаокружената бледа глава. Него може да го помешаме со сирискиот клукајдрвец (особено младенчињата), кој се одликува со мал клун, но црвената круна нема тесни црни страни.

Dendrocopos medius

Распространетост[уреди | уреди извор]

Средниот шарен клукајдрвец го има само во Европа и југозападна Азија, од северна Шпанија и Франција, источно до Полска и Украина, и јужно до централна Италија, на Балканскиот Полуостров,Литванија,Латвиjа,Турција,Кавказ и Иран.[2] Овие видови се гнезделе и во Шведска, но исчезнале до истребување во 80те години. (Сепак, и подоцна биле забележани во Шведска). Поради нивната седентарна природа (не се преселници) тие никогаш не биле евидентирани или видени во Велика Британија.

Живеалиште и поведение[уреди | уреди извор]

Овие птици бараат повеќе листопадни шумски предели, особено предели со стар Габер,Костен и Евла, како и колаж од ширина, пасишта и густа шума. Тие се хранат на високи дрва, движејќи се постојано и иамјќи добар поглед од височина.

Копаат гнездо во некое распаднато стебло или на потенка гранка, широко до 5 см.Несат 4-7 јајца и ги инкубираат 11-14 дена.

Средниот шарен клукајдрвец се храни со инсекти и нивните ларви. Тие, исто така, се хранат со смолата од дрвата.

Овој клукајдрвец ретко ќе го слушнеме да чука по дрвата, а никогаш во територијални цели. Тоа го прави со пеење, со еден назален звук „гваиик, гваааик, гвааик“ и забрзано „кик кикикик“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Dendrocopos medius. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. [1]
  • Gorman, Gerard (2004): Woodpeckers of Europe: A Study of the European Picidae. Bruce Coleman, UK. ISBN 1-872842-05-4.