Гладница (Велмеј)

Координати: 41°16′57″N 20°54′51″E / 41.28250° СГШ; 20.91417° ИГД / 41.28250; 20.91417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гладница

Карта

Местоположба 41°16′57″N 20°54′51″E / 41.28250° СГШ; 20.91417° ИГД / 41.28250; 20.91417
Основни податоци
Место Велмеј
Општина Дебрца
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Гладницаархеолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува населба од доцноантичко време.

На околу 2 км источно од селото, лево од патот за селото Брежани, по површината на самиот Гладнички трап се среќаваат камења кои служеле за градење. Западно од трапот, на просторот од Илоски Нивје се забележуваат две издолжени грамади од камења (должина околу 30 м и ширина околу 3-4 м) со присуство на фрагменти од градбена керамика. При обработувањето на земјата биле откривани бронзени и железни предмети, како и монети од доцноантичкиот период.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 241. ISBN 9989-649-28-6.