Габра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Панорамен изглед кон селото

Габра (до 1934: Чукурово) е село во западниот дел на Бугарија. Се наоѓа во планински реон помеѓу планините Ихтиманска Средна Гора и Лозенска Планина и има надморска височина од 892 m. Административно припаѓа на Oпштина Елин Пелин, Софиска област. Според пописот на населението од 2011 година во село Габра живеале 1 070 луѓе.[1] Во близината на селото работи рударско претпријатие за лигнит, коешто го експлоатира Чукуровскиот јаглен басен.

Историја[уреди]

Прв пат се споменува за селото во ноември 1576 година во еден отомански регистар на трговци на добиток. Документот и денес се чува во Народната библиотека „Св.Св. Кирил и Методиј“ во Софија како архивна единица 23 под сигнатурен фонд 95 во којшто се читаат имињата на селаните од Чукурово (денес Габра), коишто имаат дадено добиток на Отоманската Империја.

На 25 декември 1877 година Чукурово е ослободено од турско ропство. По Берлинскиот договор, во близината на селото е демаркирана границата помеѓу Кнежеството Бугарија и Источна Румелија. Во 1934 година селото е преименувано и го носи името на реката Габра.

Наводи[уреди]