Брент Букволтер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брент Букволтер
Лични податоци
Цело имеБрент Букволтер
Роден16 февруари 1984(1984-02-16)(40 г.)
Албакерки, Ново Мексико,  САД
Висина1,80 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Аматерски клубови
2005–2006
2007
Бисел
САД Сајклинг Нејшанл Дивилопмент Тим
Професионални клубови
2008–2018
2019-2021
Вилемс Веранда
Мичелтон-Скот

Брент Букволтер (англиски: Brent Bookwalter; р. 16 февруари 1984 во Албакерки) — поранешен американски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2008-2021 за две различни екипи.

Кариера[уреди | уреди извор]

Букволтер бил член на велосипедската екипа на колеџот Лис-Мекре од 2003–2006. Додека бил нивни член освоил седум национални титули како екипа и Букволтер освоил девет поединечни национални титули во дисциплините планински велосипедизам, друмски велосипедизам и велокрос.[1] Дипломирал на колеџот во 2006 година на насока биологија. Букволтер станал национален хронометарски првак под 23 години следната година. Во 2009 година го освоил прологот на Трката околу Јута.[1]

Го привлекол вниманието по првпат кога завршил втор зад Бредли Вигинс на воведниот хронометар на Џиро д’Италија 2010.[2] Неговото време на прологот на Тур де Франс подоцна во сезоната исто така било меѓу најдобрите десет.

Настапил на (меѓу другите трки) Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2010[3] и на Критериум ди Дофине Либере 2009. Исто така настапил на друмската трка на Светското друмско првенство 2009. Во текот на кариерата настапил на седум светски првенства. Дополнително, бил дел од екипата на БМЦ која му помогнала на Кедел Еванс да стигне до победата на Тур де Франс 2011.[1]

Во 2013 година, Букволтер ја освоил првата етапа на Трката околу Катар, на која имало силен ветер, разделувајќи ја групата. Букволтер и двајца други возачи избегале од водечката група на 11 километри до целта и успешно го одбраниле нивното водство, а Букволтер го претекнал двоецот на крајот. Велосипедистите зад него биле изедначени и затоа им било доделено истото време како него.[4] Победата на екипниот хронометар на втората етапа му дозволила на Букволтер да ја сочува жолтата маичка на третата етапа, пред да заврши втор на крајот зад Марк Кевендиш. Букволтер завршил втор на националното хронометарско и друмско првенство, а истата пролет завршил втор и зад Роан Денис на воведната Трка околу Алберта.

Во 2015 година, Букволтер го освоил првиот пласман со победа на бодовниот пласман на Трката околу Јута, каде исто така завршил на подиумот во генералниот пласман.[1] Ја освоил втората етапа на САД Про Сајклинг Челинџ, на планинска завршница, освојувајќи жолтата маичка,[5] која ја носел два дена пред на крајот да заврши втор зад колегата Роан Денис. Следната година зел уште еден подиум на домашна почва на Трката околу Калифорнија. Таа година настапил за репрезентацијата на САД на Летните олимписки игри 2016 на друмската трка и на хронометарот.[1]

Букволтер се приклучил на Мичелтон-Скот во 2019 година каде ја имал улогата на капетан, помагајќи ѝ на екипата да дојде до етапни победи на сите три големи трки и освојувајќи го седмото место на Страде Бјанке 2020. Во јуни 2021 година, Букволтер објавил дека ќе се повлече од трките на крајот на сезоната.[1]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2005
2. Национално хронометарско првенство под 23 години
2006
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
2008
7. Тур де Лиланау
2009
1. Пролог Трка околу Јута
2010
1. Фал Тур Инвитејшанл
2011
4. Национално хронометарско првенство
2012
3. Национално хронометарско првенство
2013
Национални друмски првенства
2. Друмска трка
2. Хронометар
2. Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 1
1. Етапа 2 (ТТТ)
2. Краен пласман Трка околу Алберта
2014
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино
2015
2. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1. Етапа 2
3. Краен пласман Трка околу Јута
1. Спринтерски пласман
4. Краен пласман Трка околу Австрија
7. Трофео Лаигвелја
2016
3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
8. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2017
1. Етапа 2 (ТТТ) Волта а Каталуња
2. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
4. Краен пласман Тур де Јокршир
5. Краен пласман Трка околу Јута
1. Етапа 2
7. Краен пласман Тур ди О Вар
7. Краен пласман Класик Колорадо
2018
1. Етапа 3 (ТТТ) Волта а ла Комунитат Валенсијана
3. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман Трка околу Јута
2019
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ) Чешка велосипедска трка
1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана Интернационале Копи е Бартали
8. Краен пласман Трка околу Хрватска
2020
7. Страде Бјанке
2021
2. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Џиро 95 68 66 СО СО
Тур 147 114 91 117
Вуелта 78 66

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Brent Bookwalter to retire at end of 2021 season“. VeloNews. 17 June 2021. Посетено на 25 October 2021.
  2. Ендру Худ (8 мај 2010). „Bookwalter beaming after runner-up ride“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2 февруари 2013.
  3. 2010 Liège–Bastogne–Liège standings, Liège–Bastogne–Liège website.
  4. Шејн Стоукс (3 февруари 2013). „Букволтер спринташе за етапна победа и прва водечка маичка на Трката околу Катар“. VeloNation. Velo Nation LLC. Посетено на 3 февруари 2013.
  5. Деј, Бен (19 август 2015). „USA Pro Challenge: The Day Report Stage 2“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 19 август 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]