Бартон Финк

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Бартон Финк (Barton Fink)“
BartonFink.jpg
Постер
Режирано од Џоел Коен
Итан Коен
(неспомнат)
Продуцент Итан Коен
Џоел Коен
(неспомнат)
Сценарист Џоел Коен
Итан Коен
Настапуваат Џон Туртуро
Џон Гудман
Мајкл Лернер
Џуди Дејвис
Џон Махони
Музика Картер Бурвел
Кинематографија Роџер Дикинс
Студио Circle Films
Дистрибутер 20th Century Fox
Премиера мај 1991
(Кански филмски фестивал)
21 август 1991
(САД)
Времетраење 116 минути
Држава САД
Велика Британија
Јазик англиски
Буџет 9.000.000 долари
Бруто заработка 6.153.939 долари

Бартон Финк“ е американски филм на браќата Коен снимен во 1991 година. Во главната улога настапуваат Џон Туртуро како Бартон Финк, млад драмски писател од Њујорк кој прифаќа да работи за големо филмско студио во Холивуд, и Џон Гудман во улогата на Чарли, осигурителен агент кој живее во соседната соба до него во еден запуштен хотел.

Браќата Коен го напишале сценариото за три недели додека се справувале со потешкотии при снимањето на „Милеровиот крстопат“. По завршувањето на тој филм, тие почнале да го снимаат „Бартон Финк“, кој беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал во мај 1991 и ги освои трите главни награди – Златна палма за најдобар филм, најдобра режија за Џоел Коен и најдобар актер за Туртуро. Иако критичарите речиси едногласно го пофалија, филмот не постигна голем успех во бокс офисот.

Двете главни теми во филмот се процесот на пишување и „рафинираноста“ на продуцентските куќи на забавна програма. Холивуд е контраст на Бродвеј; во филмот се анализира разликата помеѓу елитната и популарната култура. Меѓу другите теми се вбројуваат и фашизмот и Првата светска војна, ропството и условите за работа во креативните индустрии, и тоа како интелектуалците се „пронаоѓаат“ во обичниот човек. Поради многубројните различни елементи, „Бартон Финк“ не може да се класифицира според жанрови. Некои критичари го нарекуваат филм ноар, некои хорор филм, „Künstlerroman“ (филм за созревањето на уметникот), и т.н. „другарски“ филм.

Надреалната природа на хотелот Ерл е централна во развивањето на приказната и затоа многу внимателно се работело на дизајнот на хотелот. Има остар контраст помеѓу собата во која живее Финк и беспрекорно уредените и чисти простории во Холивуд, особено домот на Џек Липник, шефот на Финк. На ѕидот во собата на Финк виси слика на која е прикажана жена на плажа; оваа слика му го привлекува вниманието на Финк и истата се појавува на крајот од филмот. Иако сликата и другите елементи во филмот (како, на пример, мистериозната кутија што Чарли ќе му ја даде на Финк) се полни со симболично значење, критичарите не се согласуваат во нивната интерпретација. Браќата Коен признаваат дека има намерни симболи, но не дека се обидувале да пренесат некаква холистичка порака.

Филмот содржи алузии на вистински луѓе и настани, особено на писателите Клифорд Одетс и Вилијам Фокнер. Ликовите на Бартон Финк и В. П. Мејхју наводно се фиктивна репрезентација на овие писатели, но Коеновци истакнуваат дека има важни разлики. Исто имаат признаено дека во филмот се пародизираат филмски магнати како Луис Б. Маер, но забележуваат дека маките на Финк во Холивуд не се одраз на нивните искуства.

Како влијанија за „Бартон Финк“ послужиле неколку филмови, меѓу кои и „Одбивност“ и „Потстанар“ на Роман Полански, „Сјаење“ на Стенли Кјубрик и „Саливановите патувања“ на Престон Старџес. Во филмот има алузии и на дела на Вилијам Шекспир, Џон Китс и Фланери О-Конор. Се појавуваат и референци кон Книгата на Данил од Стариот завет, кралот Набоконодосор и Батшеба.

Надворешни врски[уреди]