Банка на Шпанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Централна Банка на Шпанија (македонски)
Banco de España (шпански)
Седиште
Седиште
Седиште Мадрид
Основана 1782
Гувернер Луис М. Линде
Земја Шпанија
Валута евро
ISO 4217 EUR

Банка на Шпанија (шпански: Banco de España) е национална централна банка и супервизор на шпанскиот банкарски систем. Таа е членка на Европскиот систем на централни банки. Нејзината дејност е уредена со Законот за автономија на Банката на Шпанија.[1]

Историја[уреди]

"Banco Nacional de San Carlos" е основана на 2 јуни 1782 година со декрет потпишан од страна на кралот Карлос III. Банката била основана врз основа на проектите поднесени од страна на грофот од Кабарус до премиерот, грофот од Флоридабланка. Нејзините цели биле:

  • обезбедување финансиска подршка на кралството, олеснување на движењето на државниот долг и негово претворање во готовина;
  • финансирање на вооружените сили;
  • извршување плаќања во странство;
  • борба против лихварство и обезбедување кредити за трговијата и индустријата.

Банката била модерна институција за своето време. Нејзиниот капитал бил приватен и бил поделен на акции. На акционерите им се исплаќале дивиденди, а одборот на акционерите бил суверен над индивидуалните акционери, вклучувајќи го и самиот крал. Истовремено, банката ги издала првите шпански банкноти, наречени "гаранции на Банко де Сан Карлос", иако тие не биле добро прифатени од страна на јавноста.

Банка на Шпанија[уреди]

Со законот од 28 јануари 1856 година, новата "Banco Español de San Fernando" била преименувана во "Banco de España". Законот ја овластил државата да именува гувернер и двајца заменици-гувернери и воспостави систем врз основа на обедување на неколку банки во една централна. Во пресрет на оваа либерализација, претприемачите и трговците почнале да основаат банки во поголемите шпански градови, па така и Банката на Шпанија ги отворила своите филијали во Аликанте и Валенсија. Во 1868 година, министерот за финансии, Лауреано Фигуерола, ја прогласил пезетата (поделена на 100 центи) како основна единица на шпанскиот монетарен систем. Првите монети биле исковани во 1869 година.

Со декрет-законот од 19 март 1874 се ставил крај на системот кој се засновал на принципот различни банки да издаваат банкноти, а со тоа и доделување на целосната екслузивност на Банката на Шпанија да има монопол врз издавањето на банкоти во континентална Шпанија и нејзините острови, во замена за голем заем за покривање на финансиските барања на Владата. Другите банки биле приморани да изберат дали ќе работат како комерцијални банки, без можност да издаваат пари или да станат дел од Банка на Шпанија како нејзини овластени филијали. Во тоа време златниот стандард почнал да преовладува во Европа, во поголемиот дел од Америка и во Јапонија. Сепак, Шпанија не го прифатила тој стандард и нејзините банкноти никогаш не биле исклучиво конвертибилни во злато. За време на Граѓанската војна (1936-1939) земјата била поделена на две области, една контролирана од страна на републиканската армија, а друга од страна на националистичката војска. Банката, исто така, била поделена на два дела, контролирани од двете конфронтирачки страни, а тоа довело до формирање паралелни институции, паралелни пезети, секоја призната единствено во сопствените области на делување. Најголемиот дел од златните резерви на Банката бил испратен во Москва и се користел за финансирање на војната. По граѓанската војна, министерот за финансии, Жозе Лараз, ја презедол контролата и ја иницирал реконструкцијата на финансискиот сектор и на Банката на Шпанија.


Банка на Шпанија како дел од ЕМУ[уреди]

На 1 јануари 1999 година, со формирањето на Европската монетарна унија (ЕМУ), еврото постанало валута за единаесет земји на Европската Унија (ЕУ): Шпанија, Германија, Австрија, Белгија, Финска, Франција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Португалија, а Грција се приклучила кон единствената валута две години подоцна. Земјите-членки во ЕМУ го усвоиле еврото како своја пресметковна единица и оттогаш имаат заедничка монетарна политика. Процесот на европска интеграција кулминирал на 1 јануари 2002 година, кога новите евро банкноти и монети биле пуштени во оптек, на местото на старите валути. Во европската арена, Банката на Шпанија била полноправен и активен учесник во Евросистемот и разни комитети на Европската Унија (ЕУ). Банката, исто така, е присутна и во други мултилатерални тела и форуми, како: Меѓународниот монетарен фонд, Банката за меѓународни порамнувања, Центарот за Латинска Америка за монетарен студии и Базелскиот комитет за банкарска супервизија.

Органи на управување[уреди]

Во согласност со Законот на автономија на Банката на Шпанија, нејзините раководни органи се следниве:

  • Гувернер;
  • Заменик на гувернерот;
  • Управниот совет;
  • Извршна комисија.

Гувернерот раководи со банката, претседава со Управниот совет и Извршната комисија и е правен застапник на Банката пред сите институции и меѓународни организации во кои таа учествува. Гувернерот се назначува од страна на кралот, по предлог на премиерот. Неговиот мандат трае шест години, без можност на втор мандат. Тековен гувернер на Банката на Шпанија е Луис М. Линде.

Заменик-гувернерот на Банката на Шпанија ги врши должностите утврдени во прописите на Банката и задачите што ќе му ги довери гувернерот. Тој се назначува од страна на Владата, по предлог на гувернерот. Мандатот на заменикот-гувернер трае паралелно со мандатот на гувернерот во период од шест години, без можност на втор мандат.

Управниот совет на Банката на Шпанија одобрува општи насоки за работата на банката, а особено:

  • оние кои се однесуваат на монетарната политика;
  • предлози за санкции, кои Банката мора да ги поднесе до министерот за економски прашања и финансии;
  • ратификува именување на генералните директори на Банката на Шпанија.

Платни системи[уреди]

Плаќањето, хартиите од вредност и системите за порамнување се клучни елементи на економската и финансиската активност на земјата и генерално земено, претставуваат инфраструктура која се користи да се движат средства во рамките на една економија. Како резултат на тоа, непречено функционирање на системите за порамнување е од витално значење за финансиската стабилност. Промовирање на непречено функционирање на платните системи е една од функциите на Банка на Шпанија. Банката, исто така, е одговорна за нивното надгледување, која е основна алатка за идентификување и оценување на ризици, за потврдување дека сите системи се опремени со соодветни контролни механизми.

Супервизија[уреди]

Банката на Шпанија врши супервизија на солвентност и согласност со посебните прописи на институциите кои таа е одговорна да ги надгледува. Моделот на супервизија е базиран на четири елементи:

  • Ефикасна и разумна регулатива, со правила за пристап и вршење на дејноста.
  • Континуиран надзор на финансиските институции, со приемот и анализа на периодични информации и инспекции на самото место.
  • Косрективни мерки: Барања и препораки, плановите за реструктурирање, интервенција или замена на директори.
  • Дисциплинска мерка и систем на санкционирање кој ги опфаќа институциите и нивните директори.

Овие делови нудат информации за надзорната рамка на Банката и прописите или критериумите за надзор (супервизија), меѓу другите информации.


Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]