Алусијан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алусијан
Цар на Македонското царство

Битката за Солун
Владеење 1014 год.
Претходник Петар Делјан
Наследник Пресијан Втори
Татко Јован Владислав
Мајка Марија

Алусијан — македонски цар, втор син на Јован Владислав. Го убил Петар Делјан во 1041 година, по што за кратко го преземал престолот.

Интересен е начинот на кој Алусијан го предал тогашниот владетел Петар Делјан. Имено, синот на Гаврил Радомир имал голема доверба во Алусијан, војсководец од Самуиловата кралска лоза. Делјан му дал 40 илјадна војска за битката кај Солун, во која Алусијан претрпел тежок пораз и едвај спасил жива глава. Тој успеал да пребега, но на лукав начин извршил големо предавство. Приредил банкет во местото Острово, каде го поднапил Делјана и потоа го ослепил. Делјановите придружници не ни знаеле што Алусијан сторил, а тој како легитимен наследник седнал на царскиот престол. Таму се задржал многу кратко, нецела година, за подоцна да абдицира и да ги предаде царските војски на византискиот император Михаил IV. Овој го удостоил со магистерски чин и го испратил во Цариград кај Орфанотрофа. Обезглавено, востанието на Петар Делјан било осудено на пропаст. Слепиот Делјан, без да дава отпор, бил фатен и испратен во Солун.[1]

Писмо на Михаил Псел, личен познаник на Алусијан[уреди]

Војната уште траеше, кога се случи нешто чудесно: еден од Ароновите синови, наречен Алусијан пријатен по нарав, сјаен по ум, значаен и успешен, стана најзаслужен за победата на царот... Кога разбра за случајот кај неговиот народ, кога дозна дека тие, во недостиг на царски род, незаконит син избрале да им царува, ги напушти децата, ја отфрли љубовта на сопругата и се брзна од крајниот исток да тргне на запад...


[2]

Михаил Псел за предавството на Алусијан[уреди]

"Откако го покорил и потчинил во своја власт востанатиот народ и откако поставил стратези по темите, императорот се вратил во престолнината со многу заробеници, меѓу кои бил и нивниот незаконски предводник (н.з. Петар Делјан) со исечен нос и извадени очи".


Последици од неуспехот на востанието[уреди]

Македонија била опустошена. Еден добар дел од нејзиното население императорот го претворил во робје, а не бил мал бројот на оние што ги изгубиле имотите. Цариград, со цел да го разбие етничкото единство на Македонците, во нивната татковина населил туѓи колонисти. Михаил IV во 1042 г. ги пренел албанците од јужна Италија на Балканскиот Полуостров (Македонија) и ги населил во месноста Арбан, за да ги прекине и ослаби овoj дел на народот и нивните врски.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]