Акропол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Акрополот во Атина.

Акропол (грчки: άκρον - раб, πόλις град) во буквален превод значи раб на градот или висок град. Поради одбранбени причини, раните народи ги избирале издигнатите места (ридови, планини и сл.) за да ги изградат своите цитадели, кои постанале во многу делови на светот јадро на големите градови кои се формирале околу нив во пониските предели.

Зборот „Акропол“, иако е грчки по потекло и е воглавно поврзан со грчките градови (како Атина, Аргос, Теба и Коринт со неговиот Акрокоринт), може да се употребува генерички за сите други такви цитадели (Рим, Ерусалим, Келтска Братислава, многу градови во Мала Азија или Кесл Хил во Единбург).

Најпознат пример за акропол е Атинскиот акропол, кој поради историските асоцијации и познатите згради издигнати на него е познат едноставно како „Акрополот“.

Видете исто така[уреди]