Азе-ле-Ридо
47°15′44″N 0°28′01″E / 47.2622222222°N 0.466944444444°E
|
Азе-ле-Ридо |
|
| Замокот Азе-ле-Ридо | |
| Управа | |
|---|---|
| Земја | Франција |
| Регион | Центар |
| Департман | Ендр и Лоара |
| Округ | Шинон |
| Кантон | Азе-ле-Ридо |
| Градоначалник | Мишел Вердије (2008–2014) |
| статистики | |
| Надм. вис. | 36–102 m (120–330 ft) (прос. 45 m/150 ft) |
| Површина1 | 2.734 km2 (1,056 sq mi) |
| Население2 | 3.337 (2006) |
| - Густина | 122 /km2 (320 /sq mi) |
| INSEE/Пошт. бр. | 37014/ 37190 |
| 1 Податоци од Катастарот на Франција. Не се вбројуваат езера, бари, глечери и речни утоки поголеми од 1 км². | |
| 2 Единечно сметање на населението: жителите на повеќе општини (на пр. студенти, воени лица) се бројат само еднаш. | |
Азе-ле-Ридо (фр. Azay-le-Rideau) е општина во департманот Ендр и Лоара во Франција.
Содржина |
[уреди] Замок
Замокот („шато“) Азе-ле-Ридо е изграден во периодот од 1518 до 1527 год., како еден од првите француски ренесансни дворци. Лежи на остров на одстров на реката Ендр, така што темелите му се издигаат директно од вода.
[уреди] Историја на замокот
Жил Бертело, државен ризничар на кралот Франсоа I и градоначалник на Тур, почал да гради на оваа веќе утврдена локација, која делумно била наследство на неговата сопруга. Меѓутоа таа самата (Филипа Лезбахи) раководела со изградбата, и ја добила новата идеја да се постави централно скалиште (escalier d'honneur), кое е најголемата иновација на овој замок. Кога Бертело бил фатен во финансиска проневера, тој бил принуден да избега од недовршениот замок во 1528 и никогаш повторно не го видел. Потоа кралот го конфискувал имотот и го доделил како награда на еден висок офицер.
Низ вековите замокот се менувал неколку пати, заклучно со XX век кога бил купен од владата и реставриран. Неговата внатрешност била сосема обновена со збирка ренесансни предмети. Денес замокот е отворен за посети од јавноста.
[уреди] Стил
Долгите, ниски пропорции и скулптурната декорација на Азе се италовидни, во новиот антички стил, но аголните кули со шилести покриви, вертикалните групирани прозори одделени со тенки ленти, како и накосениот покрив се воочливо француски. Игривите утврдувања и средновековните донжонски кули му дале чувство на традиционална благородност на новооблагородениот кралски ризничар.
При влегување во замокот главна улога игра централното скалиште. Тоа е делумно вградено во самата зграда, на француски начин, елемент сличен на оној кај Блоаскиот замок.
Скулптурните детали на Азе-ле-Ридо се особено забележителни. На приземјето наоѓаме жлебести пиластери на високи основи кои ги држат амблемите со саламандер и невестулка, симболи на кралот Франсоа I и кралицата Клода.
Подоцна, кај романтистите се јавил обновен интерес и восхит за замокот. Оноре де Балзак го нарекол „избрусен дијамант вграден во Ендр.“[1] Денес Азе-ле-Ридо е окружен со карактеристично парколика пејзажна англиска градина со многу видови дрва, особено егзотични четинари: атласки кедар, барски чемпрес и секвои од Новиот Свет.
[уреди] Белешки
- ↑ "Un diamant taillé à facettes, serti par l'Indre."
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Азе-ле-Ридо“ |
- Опис и фотографии на Азе-ле-Ридо (англиски)
- Фотогалерија на Азе-ле-Ридо (англиски)
- Слики од замокот Азе-ле-Ридо и други дворци на Лоара (англиски)
|
|||||||