Шамбор (дворец)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дворецот Шамбор, поглед од север.

Дворецот Шамбор (француски: Château de Chambord) кај Шабмор (департман Лоар и Шер) е еден од најпознатите и најубавите дворци во светот познат по својата варијанта на француска ренесансна архитектура, комбинирана со средновековна традиција.

Дворецот се наоѓа во долината на Лоара во северо-западна Франција,сместен помеѓу градовите Тур и Орлеан.

Дворецот Шамбор е најголем меѓу дворците во долината на Лоара,иако првичната намена му била да биде павиљон за лов на кралот Франсоа I. Дворецот вкупно располага со 440 соби и парк од 4563 ha. Дворецот во 1981 година е ставен под заштита на УНЕСКО.