Автомобилски регистарски таблички во Австрија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Австриските таблички се регистарски таблички на возилата регистрирани во Австрија.

Изглед[уреди]

регистарска табличка од Клагенфурт
регистарска табличка од Виена

Регистарските таблички се направени од метал. На левата страна се наоѓа синото евро-поле како сите членки на ЕУ (постарите регистрирани возила немаат сино евро-поле). На табличката има две двојни црвени ленти горе и долу - боите на Австрија.

Шеми за таблички[уреди]

Шемата за австриските таблички е следната: XX-број-буква (букви) или XX-персонализирана.

  • X / XX - код на градот каде што е издадена табличката, главните градови на сојузните држави имаат една буква како код
  • грб на сојузната држава каде што е издадена табличката

има неколку шеми:

  • табличките мораат да содржат минимум 3 карактери, т.е. мора да содржи една буква или еден број
  • од 2000 се смениле шемите на организациите во Австрија. Тие треба да бидат според следнава шема: XX-123-AB. Пример за организации во Виена и нивни таблички:
    • BB - Сојузни железници(Bundesbahnen)
    • BE - Погребални претпријатија (Bestattung)
    • EW - Електродистрибутивни фирми(E-Werk)
    • FF - Доброволна противпожарна служба (Freiwillige Feuerwehr)
    • FW - Противпожарна служба (Feuerwehr)
    • GW - Дистрибутивни фирми за природен гас (Gas Werk)
    • GT - Транспортни возила(Gütertransport)
    • KT - Приватни возила за транспорт (Kleintransport)
    • LO - Јавен превоз (Linienomnibus)
    • LR - Локална влада на Долна Австрија
    • MA - Локална самоуправа на Виена
    • MW - Возила за изнајмување со возач (Mietwagen)
    • RD - Амбулантни возила (Rettungsdienst)
    • RK - возила на Црвениот крст (Rotes Kreuz)
    • TX - такси возила (Taxi)

Персонализирани таблички[уреди]

Во Австрија може да се добие персонализирана табличка за 245 евра.

Австриски кодови[уреди]

  • Други (наместо грб на некоја од австриските држави се користи грбот на СР Австрија)
Регистарска табличка на полицијата на Сојузна Република Австрија
Регистарска табличка на Армијата на СР Австрија
    • WD - Дипломатски претставништва во Виена
    • GK - Конзуларни претставништва во Грац
    • SK - Кознзуларни претставништва во Салцбург
    • BB - Сојузен железнички транспорт (Bundesbahnen) - исфрлен од употреба, сега тие возила се регистрираат по шемата W-001-BB
    • BD - Сојузен автобуски транспорт (Kraftfahrlinien Bundesbus)
    • BG - Сојузна жандармерија (Bundesgendarmerie) - од 2005 се регистрираат под кодот BP, но сеуште можат да се видат со кодот BG
    • BP - Сојузна полиција (Bundespolizei) - од 2005 единствен код за сите новорегистрирани полициски автомобили
    • BH - Сојузна Армија (Bundesheer)
    • PT - Пошта и Телеком Австрија (кодот се користи само за поштенски автомобили)
    • JW - Судска полиција (Justizwache)
    • ZW - Царинска управа (Zollwache) - od 2005 Царинската управа е во склоп со федералнтата полиција
    • FV - Финансиска Администрација (Finanzverwaltung)

Стари таблички[уреди]

привремени таблички, VL - Воралберг, валидна до 1995.
персонализирана табличка од Виена
табличка на дипломатско возило до Виена
регистарска табличка (1990-2002)