Автомобилски регистарски таблички во Швајцарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Автомобилски регистарски таблички во Швајцарија ги издаваат службите на кантоните, кои се задолжени за моторните возила. Од 1933 годинa на ознаките се наоѓаат две букви за ознаката на кантонот и еден до шест броеви.

Ознака на кантонот на Цирих (ZH)

Ознаки на кантоните[уреди]

За разлика од повеќето други земји во Европа, швајцарските регистарски таблички не се доделуваат посебно за возилото, туку му се доделуваат на неговиот сопственик. Во многу кантони, регистерот на регистарски таблички е достапен за јавноста, понекогаш дури и преку интернет. Во некои кантони можат да бидат откупени таблички за најмногу 99 стари (“олд тајмери“) автомобили (автомобилот мора да биде постар од 30 години).[1]

Опис на кантонот[уреди]

Предните таблички содржат само кратенка за кантонот и броеви, дододека задните таблички ја содржат кратенката на кантонот, броеви, грбот на кантонот, како и грбот на Швајцарија.

Ознаките се испишани со црни знаци на бела позадина.

Предни таблички на швајцарските возила (од кантонот Фрибур (FR))
Ознака на кантонот Женева (GE) во долга форма
Ознака на кантонот Сент Гален (SG) во долга форма
Ознака на кантонот Швиц (SZ) во попречна форма
Ознака на кантонот Воа (VS) во попречна форма
Кратенка Кантон
AG Argovie-coat of arms.svg Аргау
AI AppenzellRI-coat of arms.svg Апенцел Инероден
AR- AppenzellRE-coat of arms.svg Апенцел Аусероден
BE Berne-coat of arms.svg Берн
BL BaleCampagne-coat of arms.svg Базел-провинција
BS Bale-coat of arms.svg Базел-град
FR Fribourg-coat of arms.svg Фрибур
GE Coat of Arms of Geneva.svg Женева
GL Glaris-coat of arms.svg Гларус
GR Grisons-coat of arms.svg Граубинден
JU Jura-coat of arms.svg Јура
LU Lucerne-coat of arms.svg Луцерн
NE Neuchatel-coat of arms.svg Невшател
NW Nidwald-coat of arms.svg Нидвалден
OW Obwald-coat of arms.svg Обвалден
SG St.Gallen-coat of arms.svg Сент Гален
SH Schaffhouse-coat of arms.svg Шафхаузен
SO Solothurn-coat of arms.svg Золотурн
SZ Schwytz-coat of arms.svg Швиц
TG Thurgovie-coat of arms.svg Тургау
TI Tessin-coat of arms.svg Тичино
UR Uri-coat of arms.svg Ури
VD Vaud-coat of arms.svg Во
VS Valais-coat of arms.svg Вале
ZG Zug-coat of arms.svg Цуг
ZH Zurich-coat of arms.svg Цирих

Боја (позадина)[уреди]

Ознака за работни возила од кантонот Женева

Во повеќето кантони е можно да се најдат ознаки со ист број во различни бои. Различните бои служат за означување различни видови возила:

  • "Сино" - работни возила
  • "Кафеаво" - специјални возила
  • "Жолто" - скутер и мотоцикл
  • "Зелено" - земјоделски возила
  • "Бело" - возила
  • "Црно" - бели знаци на црна позадина: Возила на сојузната армија (понекогаш наместо кратенка на кантонот се користи М+ за Militär (мак. Војска), нема грб на кантонот).

Ознаки на возила на владата[уреди]

Возилата на владата го имаат грбот на Швајцарија по буквата "А" (кратенка за "администрација") и броеви со црним знаци на бела позадина. Првите од петте цифри на табличката го означуваат министерството на кое му припаѓа возилото.

  • А - 1XXXX - Министерство за надворешни работи
  • А - 2XXXX - Министерство за внатрешни работи
  • А - 3XXXX - Министерство за правда
  • А - 4XXXX - Министерство за одбрана, спорт и сигурност на народот
  • А - 5XXXX - Министерство за финансии
  • А - 6XXXX - Министерство за економија
  • А - 7XXXX - Министерство за природна средина, сообраќај, енергија и телекомуникации

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. http://www.baselland.ch/veteranen-htm.281561.0.html#body-over Erklärung über Abweichungen bei Veteranenfahrzeugen