Автомобилски регистарски таблички во Ватикан

Од Википедија — слободната енциклопедија
табличка од прв тип
табличка од втор тип
автомобил со табличка од втор тип и овална ознака на возилото за Ватикан (V).

Ватиканските таблички се издадени за првпат во 1930, после Латеранскиот договор со кој се уредиле врските меѓу Италија и Ватикан. Првите таблички се слични на тие што и денес се издаваат. Се состојат од црни каратери на бела површина. Денес во Ватикан се издаваат два вида таблички:

  • тип I кој се користи за возила на Римокатоличката црква (Папата и кардиналите) и изгледаат вака: SCV 1 (за папата)
  • тип II за приватни возила SCV и реден број и изгледаат вака: CV 00001.