Автомобилски регистарски таблички во Шведска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шведска регистарска табличка

Форматот за регистарски таблички во Шведска е во облик ЛЛЛ ННН, каде ЛЛЛ е комбинација на букви, а ННН е троцифрен број (001-999), притоа комбинацијата со букви и комбинацијата со броеви е одделена со лепенка за платен данок или осигурување на која е означена годината на истекување на осигурувањето. Шведските таблички не се со географски код. Автомобилските таблички исто така се користат и за полициски, противпожарни, возила за јавен превоз. Последниот број од комбинацијата на табличката е месец во кој е регистрирано возилото (ЛЛЛ-ННН)

код на последната цифра
пос. цифра месец период
1 Јануари Ноември-Март
2 Февруари Декември-Април
3 Март Јануари-Мај
4 Април Февруари-Јуни
5 Јули Мај-Септември
6 Август Јуни-Октомври
7 Септември Јули-Ноември
8 Октомври Август-Декември
9 Ноември Септември-Јануари
0 Декември Октомври-Февруари

Забранети комбинации[уреди]

Се користат сите букви од шведската азбука освен буквите: I, Q, V, Å, Ä и Ö. Околу 150 буквени комбинации не се дозволени. Некои од нив се: APA (мајмун), DUM (глупав), DYR (скап), FAN (ѓавол, проклетство), FEG (кукавица), FEL (грешка), FUL (грд), GAY, GLO (зјапа), HOT (закана), LAT (мрза), NEJ (не), NRP (Северна национална партија), OND (лош), SAP (Шведска социјалдемократска партија), SEX, SUP (ракија), TOA (тоалет), UFO, USA, XXL и многу други. Исто така и "WTC 911" не се користи за комбинација.

Големини на табличките[уреди]

табличка големина (mm) белешка
Обична табличка 480×111
табличка со сино ЕУ поле 520×111
Американска табличка 300×111 табличка без ЕУ сино поле
Квадратна табличка 119x155 табличка со или без сино ЕУ поле

Други таблички[уреди]

Персонализирани таблички[уреди]

Персонализирана табличка

За персонализирана табличка се користат 7 карактери. Истата табличка чини околу 6000 шведски круни или околу 640 евра. Не се дозволени навредливи зборови, исто така не се користат буквите: I, Q, V, Å, Ä и Ö.

Пробни таблички[уреди]

пробна табличка од 2003

Црн текст на зелена површина. Овие таблички се користат само за тест возења, и притоа се осигурани за тест возења.

Дипломатски таблички[уреди]

Дипломатски таблички од 2002

Црн текст на сина површина.

Такси таблички[уреди]

такси табличка од 2002

Брн текст на жолта позадина. Автомобилот ја задржува истата комбинација на табличката која ја имал пред да стане такси. Доколку табличката била персонализирана, тогаш помала буква Т стои на десната страна на табличката.

Привремени таблички[уреди]

привремена табличка

Секое возило кое е увезено или извезено од Шведска добива црвена табличка. Комбинацијата е иста како и другите автомобили но на левиот крај е запиша денот и месецот на истекување на табличката, а на десниот крај е запишана годината на истекување на табличката.

Military[уреди]

табличка на воените сили на Кралството Шведска

Жолти броеви на црна површина. Табличките се користат за сите воени возила. Фонтот не е сменет од 1906та година.

табличка од Стокхолм (А) 1906-1973