Автомобилски регистарски таблички во Монако

Од Википедија — слободната енциклопедија
Регистарска табличка од Монако

Регистарските тбалички од Монако по димензии се мали, помали дури и од американските таблички. Карактерите се 4 броеви и/или букви. Карактерите се обоени сино на бела позадина. Од левата страна го содржи грбот на Монако и годината на издавање на табличката. Сите таблички кои започнуваат со 0000 припаѓаат на семејството на владетелот на Монако. На дното од табличката е напишано Principauté de Monaco.

  • Шемата за мотоциклите е од типот: AA-01 (две букви и две бројки)
табличка на мотоцикл
  • за транзитни возила нема шема. Карактерите се бели на црвена позадина.