І (кирилица)

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од І (Кирилица))
Прејди на: содржини, барај
Кирилична буква І
Cyrillic letter Byelorussian-Ukrainian I.png
Словенски букви
А Б В Г Ґ Д Ѓ
Ђ Е Ѐ Ё Є Ж З
Ѕ И Ѝ І Ї Й Ј
К Л Љ М Н Њ О
П Р С Т Ќ Ћ У
Ў Ф Х Ц Ч Џ Ш
Щ Ъ Ы Ь Э Ю Я
Словенски букви
вон употреба
Ҁ Ѻ Ѹ Ѡ Ѿ Ѣ
Ѥ Ѧ Ѫ Ѩ Ѭ Ѯ Ѱ
Ѳ Ѵ Ѷ
Несловенски букви
Ӑ Ӓ Ә Ӛ Ӕ Ғ Ҕ
Ӻ Ӷ Ԁ Ԃ Ӗ Ӂ
Җ Ӝ Ԅ Ҙ Ӟ Ԑ Ӡ
Ԇ Ӣ Ҋ Ӥ Қ Ӄ Ҡ
Ҟ Ҝ Ԟ Ԛ Ӆ Ԓ Ԡ
Ԉ Ԕ Ӎ Ӊ Ң Ӈ Ҥ
Ԣ Ԋ Ӧ Ө Ӫ Ҩ Ԥ
Ҧ Ҏ Ԗ Ҫ Ԍ Ҭ Ԏ
Ӯ Ӱ Ӳ Ү Ұ Ҳ Ӽ
Ӿ Һ Ԧ Ҵ Ҷ Ӵ Ӌ
Ҹ Ҽ Ҿ Ӹ Ҍ Ӭ
Ԙ Ԝ Ӏ

I (старословенска кирилица: і; сп. глаголичното: Glagolitic izhe.svg) е буква во повеќе кирилични азбуки, вклучувајќи ја старословенската, украинската и белоруската азбука, а претходно била и во руската азбука сè до реформата од 1917-1918 г. (заменета со ‹и›). Таа води потекло од старословенската буква ‹и›, а уште поназад од грчката јота чијашто прототип е феникиската буква ‹Phoenician yodh.svg› („јод“) што ја означува согласката /j/. Во глаголицата, како и во кирилицата, за звукот /i/ имало две букви: ‹Glagolitic i.svg› и ‹Glagolitic izhe.svg›. За првата од нив обично се смета дека ѝ соодветствувала на кириличnото ‹и›, а втората на кириличното ‹і›, но постои и спротивен став.

Бројчената вредност на оваа буква во старословенската и црковнословенската азбука е 10.

Во некои текстови на македонски јазик напишани пред јазичните комисии (1944 г.), како на пример зборникот на браќата Миладиновци, оваа буква се употребувала еднакво како во рускиот јазик до 1917-1918 г. (в. подолу). Други текстови, пак, ја употребуваат каде што буквата ‹ј› се употребува денеска.

Руска азбука[уреди]

Во руската азбука до 1917-1918 г., буквата ‹і› се употребува за бележењето на звукот /i/ пред сите самогласки и пред буквата ‹й› (Великій, Кіев итн.), пред сите јотирани самогласки (‹я›, ‹ю›, ‹е›, ‹ё›, ‹и›, на пр.: Македонія, Англія итн.) како и во зборот „мір“ кога тој значи „свет“ (сп. за мир во всем міре, „за мир во сиот свет“).

Поврзано[уреди]