Прејди на содржината

Ушанка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ушанката дозволува непречено топлење на главата за време на студените зими.

Ушанка е вид на зимска капа со наушници, изработена од кожа. Најчесто, ушанката се прави од кожа на овца, зајак, лисица и др. Името ушанката го добила по изгледот - од двете страни на оваа шапка се наоѓаат наушниците. Наушниците имаат можност во студените денови да се спуштат надолу со тоа што овозможуваат дополнително покривање на лицето и избегнување на студот.

Ушанката е типична руска капа, која е распостранета низ цела Русија. Од 1940 година, ушанката е веќе дел од униформата на армијата и полицијата на СССР. Различни видови на ушанки можат да се забележат и во некои други држави, како на пример на поранешните советски републики, во Кина, Монголија и Северна Кореја. Се претпоставува дека ушанката потекнува од монголски капи користени околу 13 век кои се брзо се распротранувале со зголемувањето на тогашната Монголска држава. Во САД, ушанката најчесто се забележува во текот на зимата во Чикаго, Илиноис.

Поврзано

[уреди | уреди извор]