Простата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Простата
Анатомија на машкиот репродуктивен систем
Податоци
Назнаки
Латинскиprostata
MeSHA05.360.444.575
TAA09.3.08.001
FMAFMA:9600

Простата — сексуална жлезда која е дел од репродуктивниот систем на мажите.

Градба[уреди | уреди извор]

Кај возрасен маж, таа нормално е голема како орев или костен. Простатата е сместена под мочниот меур, на основата на машкиот половен орган и непосредно пред аналниот отвор. Простатата има предна страна, која е во однос со срамната симфиза, задна страна која е во однос со ректумот, врв кој допира до перинеумот и база на која лежи мочниот меур. Во средината, простатата има тесна дупка. Мочниот канал што ја празни мочката од мочниот меур, минува низ таа дупка на патот кон врвот на пенисот.

Функции[уреди | уреди извор]

Простатата лачи бистар „сок“ кој е дел спермата при ејакулацијата.

Заболувања на простатата[уреди | уреди извор]

Најчесто заболување на простатата е нејзиното зголемување кое е поврзано со стареењето на мажот. Најчесто, до возраст од 40 години, простатата не покажува никакви симптоми, а потоа кај дел од мажите се јавува состојба на зголемена простата. Повеќе од половината од мажите на возраст над 60 години се соочуваат со овој проблем. Причините за зголемувањето на простатата не се познати, но се претпоставува дека голема улога може да играат некои хормони, како: тестостеронот, дихидратестостеронот (ДХТ) и естрогенот. Вообичаен симптом за зголемена простата е проблемот со честото уринирање во текот на ноќта, а тоа произлегува оттаму што зголемената простата притиска врз мочниот канал што поминува низ неа. Исто така, други симптоми се: при уринирањето првиот млаз доаѓа со задоцнување, млазот е послаб од вообичаеното, неможност за мокрење и чувство на неиспразнетост.[1]

Лекување[уреди | уреди извор]

Постојат неколку можности за лекување на зголемената простата: На прво место доаѓа промената на животните навики (намален внес на алкохол и кафе и намален внес на течности пред спиење, уринирање со пауза), потоа следува земањето одредени лекови, а како последна можност е хируршката интервенција. Притоа, се користат повеќе третмани, како: трансуретрална иглена аблација (TUNA), која е позната како радиочестотна аблација и трансуретрална микробранова аблација (TUMT). Најпознат хируршки третман е трансуретрална ресекција на простатата (TURP) со регионална или општа анестезија. Операцијата се изведува со помош на инструменти кои се вовлекуваат во простатата низ мочниот канал и со нив се отстранува зголемениот дел. Операцијата е минимално инвазивна, без хируршки резови и со скратен болнички престој.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Простата - мала жлезда голем проблем“, Здравје, понеделник, 10 ноември 2014, стр. 18.