Друштво на ликовните уметници на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Здружение на ликовните уметници на Република Македонија. Формирано во 1946 година од основоположниците на модерната македонска уметност Димитар А. Пандилов, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Вангел Коџоман и Василие Поповиќ-Цицо. За прв претседател на Друштвото бил избран Никола Мартиновски. Неговата антиципација и континуитет датираат од 1929 година, кога во рамките на Вардарска бановина било формирано „Друштвото на југословенските ликовни уметници“. Во 1930 година кон него се приклучило и новото друштво „Јефимија“ кое од 1933-1941. година ја презела изложбената дејност на ДЈЛУ. На иницијатива на Друштвото е формирано и Уметничкото училиште во Скопје. Од 2019 година претседател е Филип Фидановски.[1]

Друштвото работи на афирмација на ликовното творештво во Македонија, преку организирање самостојни и групни изложби на неговите членови во земјата и во странство. ДЛУМ организира и повеќе традиционални изложби, меѓу кои годишните изложби на графика и цртеж, сликарство мал формат, „Зимскиот салон“ (биенална изложба во Музејот на современата уметност) и годишна ревијална изложба во соработка со Музејот на Град Скопје. Изложбен простор на ДЛУМ е Салонот на Домот на АРМ.[2]

Изложби[уреди | уреди извор]

  • Годишна изложба - функционира од самото основање;
  • Зимски салон“ - озложба која датира од 1991 година, и е со учеството на селектор-куратор од странство и гости учесници од соседните земји.
  • Мал формат - изложба на слики во мал формат со површина 25х25 ;

Награди[уреди | уреди извор]

ДЛУМ ги доделува и следниве награди:

Добиени награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Филип Фидановски нов претседател на Друштвото на ликовни уметници
  2. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 495–496. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  3. „ИЗБРАНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ" НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2020 ГОДИНА“. Град Скопје. Посетено на 3 декември 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]