Албедо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Албедо е број кој покажува колку светлината се рефлектира од површината на некое тело, односот на одразената светлина кон светлината која паднала на телото.

Албедо на еден објект претставува мерка колку истото одбива дифузна светлина од Сонцето. Според тоа, претставува посебна форма на одвојност (рефлективност). Албедо е дефинирано како однос помеѓу дифузно одвиена и инцидентно електромагнетно зрачење. Мерката е бездимензионална, и покажува дифузна одбојност на површина или тело. Зборот е изведен од латинскиот "аlbedo" што во превод значи "белина", и првпат во оптиката бил искористен од Јохан Хаијнрих Ламберт во неговот дело од 1760. Фотометрија. Интервалот на можни вредности е од 0(темно) до 1(светло).