Карамустафините синови: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
(нема разлика)

Последна преработка од 13:41, 31 јули 2021

„Карамустафините синови“ (српски: Карамустафини синови) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Карамустафа-бег, управник на областа во која се наоѓа Света Гора, е познат како немилосрден и насилен турски великодостојник. Тој е несреќен поради тоа што нема деца, но еднаш дознава дека во манастирот Хиландар расте лоза чии гроздови им помагаат на жените што не можат да забременат. За да се увери во тоа, тој ја испраќа својата кучка во манастирот и, навистина, таа се враќа со пород. Така, тој и неговата жена одат во близина на манастирот и набргу таа раѓа два сина, а тој ветува дека нив ќе ги испрати во манастирот. Подоцна, Карамустафа добива уште повеќе деца, а неговите првородени синови се истакнуваат во борбите, зашто не чувствуваат никаква болка. Кога синовите наполниле 17 години, бегот ги испраќа во манастирот, но калуѓерите не ги прифаќаат и така тие не стануваат монаси. Подоцна, едниот брат станува благајник во турската војска, додека другиот станува дервиш.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 41-43.