Светец: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 15: Ред 15:


[[Категорија:Светци| ]]
[[Категорија:Светци| ]]
[[Категорија:Христијанство]]
[[Категорија:Религија]]

Преработка од 00:31, 3 јуни 2019

Светец или светител (ж. светица, светителка) — поим во христијанството кој опишува човек, кого смета за пример за исклучителна верска доблест и светост. Постои разлика во употребата во зависност од различните христијански деноминации. Зборот потекнува од грчкиот збор άγιος (се чита: агиос) што значи „свети“ или „светец“, а во Новиот Завет овој збор се користи за да се опишат следбениците на Исус од Назарет. Со развојот на христијанството, значењето на зборот се променило и често се користи за ознака на одредени личности кои претставуваат пример за следење во верата, кои се почитуваат како инспирација за другите христијани.

Во делото „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски ја исмејува праксата секоја област да почитува посебен светец или на секој светец да му се припишува некое посебно својство (некој се грижи за родилките, некој за морнарите, некој ја намалува болката, итн.).[1]

Светците како тема во уметноста и во популарната култура

Светците се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

Наводи

  1. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 52.
  2. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 82.
  3. Габриел Гарсија Маркес, Дванаесет искушенија. Скопје: Три, 2008.