Пулицерова награда: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 66 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q46525 (translate me)
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 10: Ред 10:
Некои од најпознатите добитници на наградата се [[Ернест Хемингвеј]], [[Тенеси Вилијамс]], [[Артур Милер]], [[Јуџин Онил]], [[Вилијам Фокнер]], [[Џон Апдајк]] и други.
Некои од најпознатите добитници на наградата се [[Ернест Хемингвеј]], [[Тенеси Вилијамс]], [[Артур Милер]], [[Јуџин Онил]], [[Вилијам Фокнер]], [[Џон Апдајк]] и други.


{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Пулицерова награда| ]]
[[Категорија:Пулицерова награда| ]]
[[Категорија:Американски награди]]
[[Категорија:Американски награди]]

Преработка од 02:28, 21 јуни 2015

Пулицеровиот медал.

Пулицеровата награда е американска награда која се смета за највисоко признание во областа на новинарство во печатените медиуми, литературни достигања и музичка композиција. Администрирана е од Колумбија универзитетот во градот Њу Јорк.

Наградите се доделуваат секоја година во дваесет и една категорија. Наградените добиваат по 10,000 УСД парична награда, а победникот во категоријата за новинарство во јавниот сервис добива златен медал. Медалот се доделува на весникот, а индивидуалниот добитник може да е именуван при доделувањето на наградата.

Пулицеровата награда ја воспоставил Џозеф Пулицер (англ. Joseph Pulitzer) - унгарско-американски новинар и издавач кој оставил парично наследство на Универзитетот Колумбија по смртта во 1911. Дел од средствата биле искористени за да се основа универзитетско училиште за новинарство во 1912. Првите Пулицерови награди биле доделени на 4. јуни 1917., а во наше време се доделуваат во април секоја година. Добитниците ги избира независен одбор.

Некои од најпознатите добитници на наградата се Ернест Хемингвеј, Тенеси Вилијамс, Артур Милер, Јуџин Онил, Вилијам Фокнер, Џон Апдајк и други.