Референдум: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам ko:국민투표 во ko:국민 투표
DragonBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Додава hy:Հանրաքվե
Ред 47: Ред 47:
[[gl:Referendo]]
[[gl:Referendo]]
[[ko:국민 투표]]
[[ko:국민 투표]]
[[hy:Հանրաքվե]]
[[hi:जनमत-संग्रह]]
[[hi:जनमत-संग्रह]]
[[hr:Referendum]]
[[hr:Referendum]]

Преработка од 09:44, 13 јануари 2013

Референдумот претставува облик на непосредно одлучување на граѓаните за одреден правен акт или за донесување на одредена одлука од посебно значење за државата или локалната заeдница. Референдумот претставува најзначајна и најраспространета институција на непосредната демократија во светот.

Плебисцит е организирано изјаснување на народот по некое прашање. Настанал во Стариот Рим како облик на непосредна демократија. Разликите меѓу референдумот и плебисцитот се мали, при што референдумот почесто се применува кога се во прашање законите, а плебисцитот е во врска со изјаснувањето за обликот на владеење или некое друго важно прашање. Граѓаните се изјаснуваат со да или не. Во поновата историја користењето на плебисцитот прв го вовел Наполеон со поставување прашање дали народот го прифаќа за доживотен конзул, односно дали се признава наследноста на царската титула во неговата фамилија. Називот плебисцит прв пат е употребен за време на владеењето на Наполеон III кој во два наврата непосредно му се обраќал на народот во 1851 и 1870 година.

За разлика од плебисцитот за внатрешните прашања, плебисцитот во врска со меѓународните прашања е еден од начините за остварување на правото за самоопределување. Со плебисцит се одлучува по прашањето за суверенитет на државата во која ќе живеат граѓанните. Во извесни ситуации, плебисцитот претставува само потврда за анексија, на пример, или за веќе однапред донесена одлука.

Референдумот во Република Македонија

Во Македонија референдумот е уставна категорија регулирана со членот 73 од Уставот на Република Македонија.[1] Референдум може да се распише по претходно гласање на мнозинството парламентарци или пак Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.

Формите на референдум се уредени со Уставот, Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните од 2005 како и Законот за локална самоуправа од 2002.

Видете исто така

Надворешни врски

Закон за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните

Наводи