Простор: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Робот: Додава te:అంతరిక్షం
CocuBot (разговор | придонеси)
с r2.7.2) (Робот: Додава no:Rom (fysikk)
Ред 53: Ред 53:
[[nl:Ruimte (natuurkunde)]]
[[nl:Ruimte (natuurkunde)]]
[[ja:空間]]
[[ja:空間]]
[[no:Rom (fysikk)]]
[[uz:Fazo]]
[[uz:Fazo]]
[[pl:Przestrzeń (fizyka)]]
[[pl:Przestrzeń (fizyka)]]

Преработка од 21:04, 26 декември 2012

Просторот бил предмет на интерес на философите и научниците во голем дел од човековата историја, и тешко е да се даде неконтроверзна и јасна дефиниција надвор од специфично одреден контекст. Не постои согласност за тоа дали просторот може да се измери или е дел од мерниот систем. Поимот исто така се користи различно во различни научни области. Многу области користат оперативна дефиниција во која се дефинирани мерните единици.

Во математиката под простор се подразбира множество елементи кои задоволуваат однапред пропишани својства. На овој начин се дефинирани повеќе видови простори, на пример: векторски простор, метрички простор, тополошки простор итн.

Ликовен аспект

Простор е се што не опкружува. Просторот во кој живееме, во кој се движиме, во кој се сместени природата, зградите и сите предмети е реален. Објектите во овој простор се тридимензионални. Кога цртаме, сликаме, обликуваме и претставуваме просторни објекти на дводимензионална површина, добиваме илузија на просторот.

Постојат повеќе поделби на просторот:

· отворен и затворен, т.е надворешен и внатрешен

· аглест и тркалезен

· едноставен и сложен

Уште од почетокот на своето ликовно изразување човекот се трудел во своите ликовни творби да го претстави просторот, да претстави длабочина, близина или далечина. Со време го совладал овој проблем со разработувањето на перспективната презентација како најидеална. Освен неа, илузијата на просторот се добива и со поставување на формите една зад друга, како редење кулиси, со претставување на предметите поставени по големина (поголемите напред, помалите поназад) итн. Илузијата на длабочина се добива и со користење на потемни и посветли бои. При тоа, потемните бои оставаат впечаток на далечина, а посветлите на близина. На сличен начин, топлите бои оставаат впечаток на близина, а ладните на далечина.