Голосеменици: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
с Бот Додава: eu:Gimnospermo
Ред 19: Ред 19:
[[es:Gymnospermae]]
[[es:Gymnospermae]]
[[et:Paljasseemnetaimed]]
[[et:Paljasseemnetaimed]]
[[eu:Gimnospermo]]
[[fa:بازدانگان]]
[[fa:بازدانگان]]
[[fr:Gymnospermes]]
[[fr:Gymnospermes]]

Преработка од 07:40, 30 април 2010

Шишарките се цветовите на голосемените растенија

Голосемениците или голосемените растенија се несистематска (немонофилетска) група на еднодомни растенија со еднополови цветови, кои се групирани во машки и женски соцветија - шишарки. Тоа се без исклучок дрвенести растенија, со секундарно растење во дебелина. Во секундарното дрво кај голосемениците, ксилемот е претставен само од трахеиди. Кај повеќето голосеменици, во секундарното дрво, секундарната кора, а и листовите, се присутни секреторни канали, односно смолни канали во кои се излачува смола.

Листовите на голосемениците се иглести или лушпести, со мали исклучоци, тие се вечно зелени (зимзелени) и егзистираат неколку години. Тие се одликуваат со присуство на семенов зачеток и семе. При тоа, семеновите зачетоци не се затворени во плодните листови, односно се развиваат на отворениот плоден лист (оттука го добиле и името).